Ве известуваме
за новостите во
Република Македонија

Наставно и техничко-административниот кадар, заедно со учениците и родителите, со поддршка од Општина Карпош создадоа уредена зона во страничниот дел од училишниот ...▼

597 посети
Петок, 28. мај. 2021  MK 
booked.net booked.net booked.net booked.net booked.net booked.net
 
 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и градоначалникот на Копер, Словенија, Алеш Бржан, остварија средба со македонски иселеници на која разговарале за актуелните теми кои нив ги засегаат.

 

Како што изјави Спасовски, меѓу другото, разговарале за одлуката на Владата со која на граѓаните на кои им е истечена патната исправа, или истекува по 31 јули, се продолжува рокот на важење на овие документи до 31 декември 2021 година.

 

Целта е да им се излезе во пресрет на потребите на нашите граѓани кои поради пандемијата беа спречени навремено да ги продолжат своите документи.

 

По долги години го решивме и големиот проблемот на иселениците, со тоа што покрај шест мобилни базни станици за документи, ќе има и 10 фиксни базни станици за нашите иселеници да можат во секое време да ги обноват своите документи, а времето за чекање ќе биде намалено – изјави Спасовски.

22279 посети
Петок, 11. јуни. 2021  MK 

Во основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка се одржа кошаркарски тренинг за промоција на женската кошарка во организација на Кошаркарската федерација на Република Северна Македонија. Тренингот е дел од проектот „Нејзиниот свет, нејзините правила“. На тренингот, што се реализира во соработка со училиштето и Кошаркарски клуб „Крива Паланка” беа опфатени четириесет девојчиња на возраст од осум до девет години, кои се вклучија во кампањата за промоција на овој спорт што се одвива под покровителство на ФИБА. -Ние како федерација досега ги реализиравме поголемиот дел од активности во Скопје и ширум државата во рамки на поставените приоритети на проектот, тренинзи, кампањски активности, турнир 3×3, мини баскет, настани како денешниот, со цел да ја промовираме и популаризираме портокаловата топка меѓу најмалите девојчиња. Ова се постигнува со присуство на нашите кошаркарски амбасадори Јелена Антиќ, Едина Муса, Јована Петрушевска, Симона Деловска и Нена Трајческа, кои се вклучени во сите наши активности поврзани со овој исклучително значаен проект во европски рамки, вели координаторот за млади категории во КФСМ, Мирко Ивановски. Школските активности беа поддржани од тренерите Мирослав Ивановски, Марија Петровиќ и Виктор Петровски од КК Крива Паланка, претставници од Федерацијата и со медиумска поддршка. -Проектните активности, освен во Скопје, се проширени во повеќе градови низ нашата земја, во источниот во Пробиштип, Штип, Македонска Каменица, Крива Паланка, во средишниот Кавадарци, на западот, Битола ,Прилеп и Струга, на југот Валандово, на север во Куманово. Сите имаат за цел да ја промовираат кошарката на жените и девојчињата и да се поттикнат што поголем број девојчиња да се вклучат во тренажен процес на овој популарен спорт, додаде Ивановски. Проектот е планирано да заврши со фестивал, што зависно од здравствената ситуација, ќе се одржи во Скопје, во градскиот парк, со активности како 3×3, минибаскет, фитнес тренинзи за најмладите возрасни категории на кошаркарки од основните училишта од целата држава и мотивациски говори од нашите кошаркарски амбасадори.

499 посети
Вторник, 1. јуни. 2021  MK 

Локалната самоуправа на Општина Крива Паланка и организацијата „Мен енд маунтен“ во недела, 9 мај ќе организираат голема еколошка акција насловена „Генералка викенд“. Иницијатор на акцијата на глобално ниво е организацијата „Мен енд маунтен“ (Man and Mountain) од Австрија, а општина Крива Паланка е една од десетте општини во РС Македонија во која ќе се спроведе истата.Градоначалникот Борјанчо Мицевски ги повика граѓаните и институциите да се вклучат во акцијата во што е можно поголем број и во координација со стручните служби од општината да го дадат својот придонес за чист град и здрава еколошка средина. – Преку оваа акција за чистење на градот сакаме да ја подигнеме свеста за одговорниот престој во природа и зачувувањето на природните ресурси, а за секои 10 килограми отпад што ќе биде собран на одредените локациии или во непосредната околина на граѓаните, ќе биде доделена по една садница, која учесниците може да ја засадат на локација по сопствен избор или може да одредиме заедничка локација, со цел да ги зголемиме зелените површини, изјави градоначалникот Борјанчо Мицевски. Целта на акцијата е подигнување на свеста за одговорност кон природата. Партнери во акцијата се и Делегацијата на Европската Унија во РСМ со нивната кампања „Чисто како дома исто“ и останати поддржувачи како Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, компанијата за управување со отпад од пакување „Пакомак“, компаниите „Винчини“ и „Кожувчанка“, локални институции, Јавно претпријатие „Комуналец”, училишта, невладини организации и поединци, посочуваат од општината. Главните локации на кои ќе се собира отпад се туристичкиот локалитет „Калин Камен“, околина на манастирот „Свети Јоаким Осоговски“, испосницата во село Градец, пешачката патека „Стара вада“, ролерско- велосипедската патека, речното корито на Крива Река, како и неколку локални пунктови.Општината го организира и обезбедува јавениот превоз за учениците во акцијата, како и останатите потребни материјали за селектирање на отпадот, промотивен материјал, маици и кетеринг за учесниците. Акцијата ќе се спроведе во согласност со протоколот за Ковид-19 и мерките за спречување на групирања, со поставени 4 пунктови волонтери: кај Осичка маала, кај мотелот „Македонија“, во населбата „Бегови Бавчи“ (кај бензинската пумпа) и во населбата „Грамаѓе“, од каде ќе се врши и организираниот превоз.

476 посети
Четврток, 6. мај. 2021  MK 

Еко акција за позелена татковина ќе се одржи до 9 мај, во вкупно десет општини во државата, Крушево, Охрид, Дебар, Демир Капија, Куманово, Гевгелија, Крива Паланка, Струмица, Штип и Велес, а со поддршка од компанијата Пакомак, Министерството за животна средина и просторно планирање и од Министерството за земјоделие и шумарство.Оваа акција насловена „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ е поддржана и од Делегацијата на Европската Унија Скопје преку нивниот проект „За чисто како дома исто“. Според министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, спроведување на ваква масовна акција за чистење на отпадот се случува во вистинско време – по продолжениот празничен викенд кога голем дел од граѓаните го поминаа на отворено во природа.Тој изјави дека идејата за спроведување на организирани, континуирани активности за собирање на отпад во нашата околина, почнувајќи од домовите, дворовите и најблиските излетнички места, ја смета како добар начин за развивање на позитивни навики и однесувања и соочување со несоодветното и неодговорното постапување со отпадот кој самите го создаваме. -Со овој проект, кој доби сестрана поддршка од Министерството за животна средина од самиот почеток, се визуализира уште еден битен момент, а тоа е важноста од воспоставување на добра соработка помеѓу државните институции, локалната самоуправа, бизнис заедницата и граѓаните во постигнување на саканата цел, рече Нуредини. Ико Брдаровски од Пакомак истакна дека компанијата во изминативе години секогаш ги подржувала и ќе ги подржува активностите од активистите кои што искрено се залагаат за почиста животна средина. -Тие се дел од нашата мисија од еден во ден да создаваме почиста животна средина за нас и нашите поколенија. Се надеваме дека оваа акција организирана од Гордана и Ханес ќе прерасне во традиција и во годините што следат со заеднички сили ќе го едуцираме населението во Македонија за правилната селекција и одлагање на отпадот, смета Брдаровски. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, посочи дека со активностите кои ги презема Владата, но и невладиниот сектор, ќе се постигне многу придвижување во правец на подигање на свеста кај сите граѓани. -Во соработка со „Национални Шуми“, ќе обезбедиме донација во садници, кои ќе бидат засадени оваа есен, на локација која заеднички ќе ја избереме. Нашата порака до сите е дека треба да го чуваме секое дрво, да се грижиме за шумите, да ја чуваме природата и да ја обновуваме. Се надевам дека со ваквите активности, ќе влијаеме на свеста кај сите граѓани, зошто само заеднички можеме да се надеваме на успех, изјави Хоџа. Според Борјанчо Мицевски градоначалникот на Крива Паланка, со оваа акција планот е освен јавните површини во градот да се расчистат и поголем број на излетнички места и локалитети, туристичкиот центар „Калин Камен“, околината на манастирот „Св.Јоаким Осоговски“, патни правци кои водат до нив, кои околу претходните првомајски и велигденски празници беа најпосетени. -Во таа насока е и апелот од мое лично име и од име на Општина Крива Паланка дека како општина која гради европска иднина и е земја кандидат за членство во ЕУ, да се вклучиме сите и масовно и на дело да покажеме и докажеме дека се грижиме за нашата животна средина, дека ги почитуваме европските регулативи, а воедно и влијаеме на еко состојбите на глобално ниво. Со тоа на еден пригоден начин креираме здрави животни навики, а од друга страна го прославуваме Денот на Европа, додаде Мицевски.

634 посети
Недела, 9. мај. 2021  MK 

Македонско културно друштво „Бисер Охридски„ Зареб, во рамки на манифестацијата „Денови на македонската култура“ на 30 март 2021 г.во просоријата на Заедницата на македонците во Република Хрватска, организираше дружење под насловот „Велигденска традиција - етно работилница Разбој“

525 посети
Вторник, 6. април. 2021  MK 
740 посети
Понеделник, 1. март. 2021  MK 
567 посети
Петок, 5. март. 2021  MK 
123 movies
google maps embed iframe generator