|
|
|
|
|
|
|
Приоритетите и целите на Агенцијата за иселеништво се насочени кон една единствена Програма „Унапредување на врските со иселеништвото“ реализирана преку 3 потпрограми:
Културен развој на иселениците
Права и положба
Интегрирање на иселениците во општествениот живот на Република Северна Македонија
-Програмата Унапредување на врските со иселеништвото произлегува од
1.Стратешкиот приоритет на Владата на Република Северна Македонија содржани во Одлуката за стратешки приоритети за 2021 година (Сл.весник на РСМ бр. 243 од 9.10.2020)
- Обезбедување забрзан и одржлив економски раст, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните
- Квалитетно образование достапно за сите согласно побарувачката на пазарот на трудот
- Приоритетните цели содржани во Одлуката за стратешки приоритети за 2021 година (Сл.весник на РСМ бр. 243 од 9.10. 2020)
-Задржување на финансиската и макроекономска стабилност, зголемување на конкурентноста на економијата и на вработеноста
-Зајакнување на системот за заштита на македонскиот јазик и поддршка на литературното творештво
-Создавања вредности на толеранција, правичност, еднакви можности, признавање на различностите во мултикултурализмот и интеркултурната комуникација
Од потпрограмата Културен развој на иселениците со цел поттикнување и помагање за одржување на националниот, културниот, образовниот и јазичниот идентитет на иселениците, пред се за најмладата генерација на иселеници од Македонија во 2021 година предвидени се следните проектни активности:
Права и положба
Со постојана комуникација со иселениците и следење на нивните активности Агенцијата за иселеништво преку соработка со сродни институции во рамки на надлежностите, се грижи за подобрување на состојбите на иселениците, правата во земјите каде што живеат и работат, решавање на проблемите и потребите преку одржување на конференции и собири со претставници на иселенички организации и отварање на прашањата за олеснување на процедурите за вадење на лични документи и други потреби. Во таа насока предвидени се следните активности
Интегрирање на иселениците од Македонија во општествениот живот на Република Северна Македонија
Со цел да се добијат пореални информации Агенцијата за иселеништво во соработка со други државни органи и локални самоуправи во текот на 2021 година ќе врши континуирано прибирање на податоци за можности и услови за инвестирање и информации за бизниси на иселениците со тенденција на префрлување на истите во Република Северна Македонија, што ќе придонесе до отварање на нови работни места и економски развој. Со цел интегрирање на иселениците од Македонија во општествениот живот на Република Македонија, унапредување на врските со иселеничките организации и вклучување на иселениците во јавниот, економскиот и културниот живот во државата предвидени се следните активности