Додека голем број мали бизниси во Австралија мораа да ги затворат своите врати поради пандемијата со Ковид, други пак, во време на криза постигнаа најголем успех. Кафетеријата "Амброзија" во Порт Кембла се вбројува во вторите. Eмилија Жупаноска, ко-сопственик, вели дека успехот на бизнисот, дури и во екот на заклучувањето поради пандемијата, се должи на секогаш свежо замесеното тесто што потоа рачно се растегнува во тенки кори како лист, пред да се наполнат со разновидно ‘зајре’. Но, исто така и на услугата со љубов и почит кон сите потрошувачи, без разлика на нивната припадност, боја или религија, а тоа е енергија што потрошувачите ја чувствуваат, додава Жупановска. Поранешната учителка по македонски јазик во локалното училиште “Македонски Бисери”, со универзитетска диплома од УКИМ во Скопје, е една од многуте доселеници во Австралија (еден на секои четири) кои мора да се снаоѓаат надвор од нивната професија. Таа сега е асистент во забна ординација, но и задолжена за дигитално присуство и промоција на производите на семејниот бизнис "Амброзија", име што значи "храна на боговите".