Благодарение на Билјана Јуруковски и незините пријателки волонтери со продажбата на рачно изработените крстови покрај другите пакети и средства за други лица од ранливите категории средства ќе бидат наменети за 130 социјално загрозени семејства кои ќе бидат дистрибуирани преку црквата Свето Благовештение во вид на прехранбени артикли по избор на Билјана .
Чувството е восхитувачко кога ќе видиш насмевка на лицето, животот нема да му го промениш, на луѓето меѓутоа сепак тоа е изненадување. Хуманите вредности сите треба да ги негуваме. Тоа е прекрасно вели Билјана.
Многу од крстовите ги купија Македонци родени во Австралија. Тоа беше изненадувачко. Но, купуваа и луѓе од Индонезија, Либан, Јужна Африка, дури и Грци. Оделував секој ден по 2-3 часа навечер за изработка, откако ќе ги завршев работните и семејните обврски – вели Билјана Миленкоска Јуруковски.