Приоритетите и целите на Агенцијата за иселеништво се насочени кон една единствена Програма „Унапредување на врските со иселеништвото“ реализирана преку 3 потпрограми:
- Културен развој
- Права и положба
- Интегрирање на иселениците
Културен развој на иселениците
- Летна Школа по мајчин јазик во Охрид
- Виртуелна настава по мајчин јазик во текот на цела учебна година, со цел поттикнување за учење на мајчиниот јазик преку далечина, наменета за децата на иселениците
- Виртуелна обука на наставниците од дијаспората
- Доделување награда ,,Стојан Христов,, во рамки на манифестација Струшки вечери на поезијата
- Печатење на книга од иселеник или иселеничка организација, избрана со Јавен повик,
- Камп за спрт и млади во Струга
- Туторијал за чекори на народни танци и ора
Права и положба
- Поддршка на активности во средините каде што живеат иселениците (изложби, концерти, литературни настапи и иселенички средби)
- Поддршка на иселенички настани од различен карактер во државата
- Годишна виртуелна конференција по избрана тема
Интегрирање на иселениците во општествениот живот на Република Северна Македонија
- Истражување на економските потенцијали за инвестирање по општини- на терен и преку on line состаноци
- Печатење на брошура “Успешни бизниси во Македонија од повратници“
- Изготвување на прирачник со информации за е-царина и царинските постапки за увоз/извоз за бизнис заедницата.
-Програмата Унапредување на врските со иселеништвото произлегува од
1.Стратешкиот приоритет на Владата на Република Северна Македонија содржани во Одлуката за стратешки приоритети за 2021 година (Сл.весник на РСМ бр. 243 од 9.10.2020)
- Обезбедување забрзан и одржлив економски раст, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните
- Квалитетно образование достапно за сите согласно побарувачката на пазарот на трудот
- Приоритетните цели содржани во Одлуката за стратешки приоритети за 2021 година (Сл.весник на РСМ бр. 243 од 9.10. 2020)
-Задржување на финансиската и макроекономска стабилност, зголемување на конкурентноста на економијата и на вработеноста
-Зајакнување на системот за заштита на македонскиот јазик и поддршка на литературното творештво
-Создавања вредности на толеранција, правичност, еднакви можности, признавање на различностите во мултикултурализмот и интеркултурната комуникација
Од потпрограмата Културен развој на иселениците со цел поттикнување и помагање за одржување на националниот, културниот, образовниот и јазичниот идентитет на иселениците, пред се за најмладата генерација на иселеници од Македонија во 2021 година предвидени се следните проектни активности:
- Летна Школа по мајчин јазик во Охрид
- Виртуелна настава по мајчин јазик во текот на цела учебна година, со цел поттикнување за учење на мајчиниот јазик преку далечина, наменета за децата на иселениците
- Виртуелна обука на наставниците од дијаспората
- Доделување награда ,,Стојан Христов,, во рамки на манифестација Струшки вечери на поезијата
- Печатење на книга од иселеник или иселеничка организација, избрана со Јавен повик,
- Камп за спрт и млади во Струга
- Туторијал за чекори на народни танци и ора
Права и положба
Со постојана комуникација со иселениците и следење на нивните активности Агенцијата за иселеништво преку соработка со сродни институции во рамки на надлежностите, се грижи за подобрување на состојбите на иселениците, правата во земјите каде што живеат и работат, решавање на проблемите и потребите преку одржување на конференции и собири со претставници на иселенички организации и отварање на прашањата за олеснување на процедурите за вадење на лични документи и други потреби. Во таа насока предвидени се следните активности
- Поддршка на активности во средините каде што живеат иселениците (изложби, концерти, литературни настапи и иселенички средби)
- Поддршка на иселенички настани од различен карактер во државата
- Годишна виртуелна иселеничка конференција
Интегрирање на иселениците од Македонија во општествениот живот на Република Северна Македонија
Со цел да се добијат пореални информации Агенцијата за иселеништво во соработка со други државни органи и локални самоуправи во текот на 2021 година ќе врши континуирано прибирање на податоци за можности и услови за инвестирање и информации за бизниси на иселениците со тенденција на префрлување на истите во Република Северна Македонија, што ќе придонесе до отварање на нови работни места и економски развој. Со цел интегрирање на иселениците од Македонија во општествениот живот на Република Македонија, унапредување на врските со иселеничките организации и вклучување на иселениците во јавниот, економскиот и културниот живот во државата предвидени се следните активности