Назад
Македонското литературно друштво „Кочо Рацин“ промоција
Македонското литературно друштво „Кочо Рацин“
и организацијата за личен развој „ Да се
живее поинаку“, и двете од Мелбурн,
Австралија,
на 20-ти Мај 2021 година, во прекрасната сала
на библиотеката во Мил Парк, Мелбурн,
организираа несекојдневен настан – промоција
на две книги на македонски јазик од брачниот
пар Д-р Снежана и Д-р Емил Попорданоски од
Мелбурн.
Книгите што беа промовирани се најновата
мотивациска книга за личен развој „Да се
живее поинаку - Патување кон
самореализацијата“ од авторката Д-р Снежана
Џамбазова –Попорданоска и уникатната збирка
на љубовна поезија „Во прегратките на
љубовта“ од Д-р Емил Попорданоски.
Во присуство на бројни гости, претставници на
Македонската Православна Црква, Македонскиот
конзулат во Мелбурн, членови на МЛД „ Кочо
Рацин“, пријатели, поддржувачи и љубители на
македонскиот пишан збор, за книгите зборуваа
претседателката на МЛД „ Кочо Рацин“
писателката Гордана Димовска, новинарката
Дијана Пупалевска-Мицалевска и двајцата
автори.
За првата книга „ Да живее поинаку – Патување
кон самореализацијата“, меѓу другото, г-ѓа
Димовска истакна дека “ оваа книга
претставува неопходен водич кон стекнување на
духовна мудрост, себеспознание и автентична
среќа. Во суштина, оваа книга ја обработува
човековата свест на еден разбирлив и уникатен
начин, објаснувајќи ја врската помеѓу нивото
на индивидуалната свест и нивото на
човековата среќа. Поточно, книгата детално ги
истражува сите нивоа на човековата свест,
започнувајќи од најниското ниво на свест–
нивото на срам, до највисокото можно ниво на
свест–а тоа е нивото на просветлувањето“.
Потоа, во своето обраќање, самата авторка
истакна дека, читањето на книга за личен
развој е исто како да одите на патување со
авторот како ваш водич. Во текот на ова
возбудливо патување кон вашето себе-
спознавање, мојата намера е да разберете дека
животот може и треба да се живее поинаку.
Ова сознание ќе ви помогне да ја спознаете
вистината за себе, за она што навистина сте,
како и за сето она што можете да постигнете
во животот. Просветлени со ова сознание, ќе
можете да го креирате највозвишеното издание
од себеси, да ги остварите вашите соништа и
да постигнете само-реализација “.
За втората книга „Во прегратките на љубовта“
од Д-р Емил Попорданоски, која е негова прва
објавена збирка и содржи љубовна поезија
инспирирана од неговата муза - сопругата
Снежана, г-ѓа Пупалевска-Мицалевска, мегу
другото прочита дел од предговорот на
познатата современа поетеса Ана Бунтеска, во
кое се вели:
„ Оваа книга која веќе погоре ја нареков дека
е своевидна ОДА за љубената жена, изобилува
со едноставност и раскош, кои навидум се
неспоиви, но Д-р Попорданоски со невидена
леснотија успева на многу едноставен начин да
ги прикаже сите слоеви на раскошната убавина
кон објектот на неговата љубов и страст.
Искреноста во зборот, милозвучноста и моја
топла препорака да се прочита ова дело со
музика во позадина, е ретка можност да се
ужива со сите сетила“.
И самиот автор Д-р Емил Попорданоски, во
својот инспиративен говор потсети на
значењето на љубовта за него лично но и за
сите нас целокупно, потенцирајќи дека
„..љубовата не е храна ама без неа храната е
само збир од продукти. Љубовта не е вода ама
и покрај вода има милиони жедни - жедни за
љубов а не за вода. Љубовта не е облека ама
ја топли душата - облеката ќе ти го стопли
телото ама не и душата. Љубовта не е куќа ама
од неа прави дом - без неа и најголемата
куќа е само сениште“.
Промоцијата, која беше збогатена со читање на
делови од книгата „Да се живее поинаку –
патување кон самореализацијата“ како и
поезија од стихозбирката “ Во прегратките на
љубовта“ пропратени со музика, заврши со
потпишување на книгите од двајцата автори,
меѓусебна дружба и вкусна закуска.
Повеќе информации за книгите и активностите
на организацијата
„AnotherWay Life Education“ повелете на
www.anotherwayeducation.org.
653 посети 6/7/2021
|