Иселеници со кои се гордееме



Назад



АТАНАС БЛИЗНАКОВ – НАЈГОЛЕМИОТ ДОНАТОР ОД ДИЈАСПОРАТА



Aтанас Близнаков е најистакнатиот донатор од македонската дијаспора. Неговото име и дело се добро познати меѓу Македонците во Република Македонија и во македонското иселеништво. Тој припаѓаше на прогресивната генерација на Македонците на северноамериканскиот континент, кој помина долго време, далеку од неговата татковина. Тој го посвети животот за борба за слободата и напредокот на Македонија и македонскиот народ.

Животот на Атанас Близнаков започнал на 15 декември 1901 година во познатото револуционерно село Д'мбени, Костурско, во егејскиот дел на Македонија. Селото во кое се родени плејада предвоени македонски борци и интелектуалци, меѓу кои, Лазар Поп Трајков, Лазо Москов, Лазо Трповски, Ташко Караџа и други кои се бореле за афирмација на македонските идеали.

Новата страница од интересниот животен пат на Атанас Близнаков започнала на 16 декември 1920 година, кога пристигнал во САД, во градот Медисон, во државата Илиноис, каде што веќе имало македонска колонија Во целиот свој животен пат делбата на Македонија ја сфаќаше како трагедија и погуба за македонското дело. Затоа со формирањето на Фондацијата ,,Атанас Близнакоф", тој беше убеден дека ќе даде драгоцен придонес за Универзитетот ,,Свети Кирил и Методиј", за македонскиот народ и за Македонија, а во исто време тоа ќе претставува поттик и инспирација за идните генерации во иселеништвото и пошироко. Во 1976 година, Атанас Близнаков заедно со сопругата Славка се преселил во Скопје, а наредната година ја основале Фондацијата „Атанас Близнаков" при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Во Фондацијата тој донирал дел од стекнатиот капитал, во износ од 800.000 долари, средства наменети за стипендирање на талентирани студенти.Денешниот капитал на Фондацијата „Атанас Близнаков  е пет и половина милиони долари Со помош на оваа Фондација, голем број студенти дипломирале и се вклучиле во образовниот процес на универзитетот како асистенти, доценти и вонредни и редовни професори. Неговиот чекор бил инспирација и за други македонски донатори, како што се иселениците Петар Стаматов од САД и Константин Стојанов од Франција. Формирањето на Фондацијата ,,Атанас Близнакоф" на која доживотен член е Славе Катин, претставува, не само завештание и животна ориентација на поснатиот доселеник господинот Атанас Близнаков и на неговиот сопатник Славка, туку и светол пример како една највисока просветна институција во Македонија – Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј", гради односи со македонското иселеништво, излегувајќи во пресрет на оние истакнати Македонци во светот кои решиле преку донации во науката и културата да го поттикнат вечниот прогрес на својата поранешна и сегашна татковина Македонија.

Извор: Славе Катин

 


338 посети
3/4/2021



123 movies
google maps embed iframe generator