Активности на
иселениците во светот



Назад



Во тек на изградба се две детски градинки со капацитет од 360 деца во Струмица



Во Oпштина Струмица во тек на изградба се две нови детски градинки, од кои едната е целосно нов објект со капацитет од 307 деца, а другиот објект е доградба на постојната градинка со што опфатот на деца се проширува со дополнителни 53 места, информираше Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, на средбата со градоначалникот на Општина Струмица, Коста Јаневски, на која разговараа за тековните и идни проекти кои се од интерес на граѓаните на оваа општина. На средбата, како што пренесуваат од МТСП, министерката посочила дека соработката на централната со локалната власт е од особено значење, затоа што придобивките од неа директно ги чувствуваат сите граѓани во нашата држава. – Министерството за труд и социјална политика и Општина Струмица имаат одлична соработка, за што потврдуваат проектите на кои заедно вложуваат, рече министерката Шахпаска, стои во соопштението. Градоначалникот Јаневски информираше дека изградбата на двете детски градинки во Општина Струмица се одвива согласно предвиденото темпо и согласно планот ќе бидат подготвени за прием на деца во нив до крајот на годинава. До крајот на годината предвидено е отворање на нови 13 градинки со опфат на нови 1.400 деца во нив. 986 посети
5/27/2021



123 movies
google maps embed iframe generator