Активности на
иселениците во светот



Назад     



Агенцијата за иселеништво доделува награда „Стојан Христов“ за поетите иселеници



ЈАВЕН ПОВИК

 

Почитувани! Согласно надлежноста за помагање на културниот развој на иселениците, преку вклучување во Програмата на Струшките вечери на поезијата, Агенцијата за иселеништво секоја година ja доделува наградата „Стојан Христов“ за поетите иселеници.

 

За таа цел Ве замолуваме да ги известите членовите на Вашата организација кои се занимаваат со пишување на литературни дела и кои имаат издадено книга, збирка поезија, да се пријават во Агенцијата за иселеништво.

 

Книгите со кои ќе се конкурира ќе бидат оценети од страна на стручното жири при Струшките вечери на поезијата, а паричната награда ќе ја додели Агенцијата за иселеништво. Согласно Одлуката од страна на жири комисијата, наградата „Стојан Христов“ се доделува за книги објавени помеѓу две изданија на Струшки вечери на поезијата.

 

Заинтересираните поети, своите дела треба да ги испратат во Агенцијата за иселеништво до 1 јули 2021 година и тоа:

 

во електронска форма на info@minisel.gov.mk,

 

и печатено издание кое треба да се достави на следната адреса:

 

Агенцијата за иселеништво

Ул.Македонија бр.19

Скопје

 

Ви благодариме на соработката

Директор,

Слободан Близнаковски

 

Изготвил:Билјана Костова

65 посети
5/19/2021





Агенција за иселеништво на Република Северна Македонија      ул.Македонија бр.19     1000 Скопје   023118 633     info@minisel.gov.mk   од 12/5/2020 посетена 99291 пати