Агенција за иселеништво на
Република Северна Македонија



Назад     
Учиме македонски


Настава од далечина по македонски јазик



 Почитувани иселеници!

Агенцијата за иселеништво организира настава од далечина по македонски јазик, преку една од познатите интернет платформи.
Наставата ќе ја води дипломиран професор и истата ќе биде организирана на почетно и напредно ниво, согласно степенот на владеење на јазикот од страна на пријавените ученици.
Возраста на учениците треба да е од 7 до 16 години.

Оваа година наставата ќе биде наменета за ученици кои живеат во држави каде нема организирана настава по мајчин јазик од страна на Министерството за образование и наука и тоа: Австрија, Англија, Италија и францускиот дел од Швајцарија.

Ве молиме заинтересираните ученици да се пријават на официјалната интернет адреса на Агенцијата за иселеништво: info@minisel.gov.mk

Наставата ќе трае од март до крајот на декември, притоа спазувајќи ги паузите за време на празниците и летниот распуст. По завршувањето на курсевите, ќе се доделат дипломи за завршен почетен или напреден курс.

Со детални информации за почетните термини на наставата и линк од платформата ќе ве информираме дополнително, по формирањето на групите.

Директор,

Слободан Близнаковски

197 посети
3/1/2021





Агенција за иселеништво на Република Северна Македонија      ул.Македонија бр.19     1000 Скопје   023118 633     info@minisel.gov.mk   од 12/5/2020 посетена 99268 пати