Иселенички организации



Назад     



Летната школа за изучување на мајчин јазик беше организирана online



За прв пат во работењето на Агенцијата за иселеништво, Летната школа за изучување на мајчин јазик во период од 27.07.2020 година до 31.07.2020 година беше организирана online. На оваа Летна школа учество земаа 41 ученик, од нив 20 следеа почетен курс и 21 следеа напреден курс. Со оглед на тоа дека платформата беше отворена, бројката на ученици се зголеми, што покажува на голем интерес и успешност на проектот. Двете наставнички Ана Смилевска и Аниса Трпчевска професионално и одговорно ја извршија дадената задача.
На оваа Летна школа настава следеа деца од следните држави: Германија, Шведска, Швајцарија, Холандија, Франција, Италија, Австрија, Србија, Хрватска, Австралија и САД (Мичиген и Флорида). Учесниците ќе се стекнат и со сертификат за завршена Летна школа по мајчин јазик.
Со сигурност можеме да заклучиме дека се реализираше успешно уште една Летна школа за децата во дијаспората.

479 посети
2/21/2021





Иселенички организации      ул.Партизански одреди бр.989     1000 Скопје   079 526 399     info@makemigration.org   од 12/5/2020 посетена 141923 пати