Агенција за иселеништво на
Република Северна Македонија



Назад     



Средба на директорот Близнаковски со извршниот директор на култура Костовска



Во просториите на издавачката куќа „Култура”, директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, г-дин Слободан Близнаковски, имаше можност да оствари средба со  извршната директорка на издавачката куќа, г-ѓа Ана Костовска

На оваа средба директорот Близнаковски, во знак на благодараност на г-ѓа Костовска и  додели благодарница  за реализираната поддршка преку доделување на  книги  за најмладата генерација на  иселеници од земјава во дијаспората. Овие книги во наредниот период ќе бидат испратени,  до нашите иселеници.  Голем број на наслови согласно образовниот процес, преку кои,  децата  ќе имаат можност  да го изучуваат македонскиот јазик.

Директорот и тимот Агенцијата за  иселеништво, остануваат посветени  на промоцијата на македонската  историја, култура, јазик и традиција во дијаспората, а при тоа и целосно помагање и поддршка на нашите иселеници во согласност со надлежностите на Агенцијата и позитивните законски прописи.

307 посети
2/11/2021





Агенција за иселеништво на Република Северна Македонија      ул.Македонија бр.19     1000 Скопје   023118 633     info@minisel.gov.mk   од 12/5/2020 посетена 99264 пати