Агенција за иселеништво на
Република Северна Македонија



Назад     



Средба на директорот Близнаковски со г-дин Никола Тасев



Во просториите на Агенцијата за иселеништво, директорот Слободан Близнаковски, оствари средба со директорот на компанијата Тотал Тв, г-дин Никола Тасев.

Во знак на благодарност за донацијата на детски книги и материјали за потребите на најмладата генерација на наши иселеници во дијаспората, директорот Близнаковски и му додели благодарница на г-дин Никола Тасев. Агенцијата за иселеништво оваа донација на детски книги и материјали, ќе ја испрати до нашите најмлади иселеници, како би им помогнале во процесот на изучување на македонскиот јазик. Како многупати до сега Тотал ТВ докажува дека е општествено одговорна компанија во Република Северна Македонија. Основана е и почнала со работа на македонскиот пазар во октомври 2009 година, а преку своjата платформа е најзначаен провајдер на дигитална сателитска телевизија во регионот и Европа.

192 посети
2/4/2021





Агенција за иселеништво на Република Северна Македонија      ул.Македонија бр.19     1000 Скопје   023118 633     info@minisel.gov.mk   од 12/5/2020 посетена 99262 пати