Агенција за иселеништво на
Република Северна Македонија



Назад     



Граматика на македонски јазик со практични вежби



Во изминатиот период, со поддршка на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, излезе од печат првата книга Граматика на македонски јазик со практични вежби за дополнителна настава на македонски јазик во странство.

Оваа Граматика е изработена од страна на професорите во дијаспората и тоа: прфесорката по предучилишна и одделенска настава Ана Матовска-Смилевска, која предава дополнителна настава за изучување на македонски јазик во СР Германија, професорката по македонски јазик и книжевност Катица Мицева, која предава дополнителна настава за изучување на македонски јазик во СР Германија и професорката по македонски јазик и книжевност м-р Аниса Трпчевска, која предава дополнителна настава за изучување на македонски јазик во СР Германија.

Рецензенти на Граматиката за изучување на македонски јазик се: Елица Атанасовска-Стојановска, професор по одделенска настава- дополнителна настава на македонски јазик во Република Франција и Снежана Катарова- професор по одделенска настава- дополнителна настава на македонски јазик во Република Словенија

На 80 страни, учениците од дијаспората ќе имаат можност да ги изучат теоретски и практично правилата на македонскиот јазик, а со тоа да се стекнат со пактично и теоретско знаење на нивниот мајчин јазик. Книгата, Граматика на македонски јазик со практични вежби за дополнителна настава на македонски јазик во странство е прилагодена согласно возраста на нашата најмлада генерација ученици во македонската дијаспора.

Во изминатата 2020 година, тимот на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, заедно со тимот на професорите од дијаспората, работеа на изработката на оваа прва книга, која е во издавништо на Агенцијата за иселеништво. Преточениот труд од 80 страни на давата тима, овозможи од печат да излезе Граматиката која претставува прва ваква книга посветена на македонската дијаспора.

Длабоко сме уверени, дека овој реализиран проект ќе даде соодветен резултат, а воедно, ќе се помогне на нашата млада генерација во изучување на мајчиниот јазик далеку од дома.

322 посети
12/18/2020





Агенција за иселеништво на Република Северна Македонија      ул.Македонија бр.19     1000 Скопје   023118 633     info@minisel.gov.mk   од 12/5/2020 посетена 99294 пати