Општина Чаир постави нови кошаркарски табли на спортското игралиште во населба Гази Баба
Работните екипи овој викенд поставија нови табли за кошарка на спортското игралиште во населбата Гази Баба.
Овие активности што ги превзема општина Чаир се во рамките на акцијата за одржување на спортските терени на територијата на Општина Чаир.
А пак, целта на општина Чаир е да создаде модерни услови за младите да се занимаваат со спортски активности.
Ни преостанува заедно со вас почитувани граѓани, да ги зачуваме овие спортски игралишта со најголемо внимание, бидејќи кога имаме модерни и стандардизирани места каде што младите можат да спортуваат, имаме и здраво општество.