Ана Вудс (62) повеќекратна победничка на натпреварување во правење гримаси би можела наскоро да се најде и во Гинисовата книга на рекорди, затоа што дури 27 пати била прогласена за најгрда жена на светот.
Нејзината ќерка изјави дека мајка и ја пријавила за Гинисова книга и оти таа не знае ништо за тоа.
- Браќата ја насмеале и таа само се качила на бина и направила гримаса која и ја донела првата победа во 1977 година, рече нејзината ќерка. Ана продолжила да прави гримаси наредните години на натпеварот во Егермонт каде победила дури 27 пати, а двапати го освоила второто место, станувајќи маскота на натпреварите.
Оваа година имала несреќа да и се слоши во текот на натпреварот па морале да ја однесат во болница, додаде нејзината ќерка и подвлече дека Ана ќе продолжи да се натпреварува се додека биде здрава.
Во изминатите 33 години го пропуштила ова натпреварување само еднаш и тоа поради бременост.
|