Холандската агенција за маркетинг промовира наједноставен мобилен телефон на светот наречен „Џонс фон“ (John's Phone). Овој телефон служи само некого да побарате или да одговорирте на повик.
Телефонот нема пристап до интернет, на него не може да се играат игри, нема ниту камера, а исто така не може да се испраќаат СМС пораки. Телефонот е наменет првенствено за повозрасните лица и децата, како и за сите оние кои не се вљубеници во модерната технологија и мобилните телефони кои се повеќе наликуваат на компјутери.
Мобилниот телефон наречен анти-ајФон карактеристичен е по големата тастатура, а батеријата може да издржи и до три месеци. Телефонот нема дисплеј, па така броевите на пријателите, на колегите, на познаниците, на роднините и на други не може да се внесат во телефонот. Но, и покрај тоа има можност за меморирање на десет броеви.Телефонот е тежок 95 грама, има еден вид ѕвонење со можност за подесување на висината на гласот и чини 80 евра.
|