Сашо Поцков, градоначалникот на општина Гевгелија, оствари работна средба со директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, Слободан Близнаковски. Целта на средбата беше спроведување на проектот на Агенцијата преку кој иселениците од Република Северна Македонија ќе добиваат редовни информации и активности на Општина Гевгелија од областа на сите сфери во делувањето. Посебно, за локалниот економски развој и можните инвестирања во општината.
|