Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


Општина Куманово почна со садење садници на подрачјето на општината во рамки на „Зелена акција“. Eкипита на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“, почнаа со садење листопадни и зимзелени садници на новоизградениот локалитет „Студена вода“.

 -Веќе од почетокот на месец март започнавме зелена акција или садење на нови садници на територија на целата општина во соработка со ЈП „Чистота и зеленило“ и невладините активисти во градот. Целта е да пошумиме што поголем број површини, садиме четинари и листопадни дрвја кои претходно општината во постапка за јавна набавка обезбеди поголем број листопадни квалитетни садници кои ќе ги користиме за разубавување на централното градско подрачје, но и вон централното градско подрачје, сакаме да излеземе и во населбите да стигнеме до сите места-ијзави градоначалникот, Максим Димитриевски.

Тој ги повика граѓаните, претставници на месни, урбани заедници да се приклучат на акциите и да сепостигне целта во наредните два месеца да се засадат поголем број садници. Садењето садници влегува во сетот мерки за намалување на аерозагадувањето, заедно со останатите мерки, меѓу нив клучна, гасификацијата.

– Минатата година распишавме постапка во износ од два милиони денари обезбедивме квалитетни садници, тендерската постапка овозможи да учествуваат поголем број понудувачи, цената падна на 800.000 денари и оваа година повторно ќе се изврши таква постапка за набавка на квалитетни садници,рече Димитриевски, кој истакна дека овој локалитет дополнително ќе се уредува со урбана опрема.

-Ќе засадиме околу 40 листопадни садници, 60 украсни грмушки и 1500 чемпреси за масовно пошумување, тука нема да застанеме. Акцијата уште ќе се продолжи со засадување садници на оваа локација. Инаку во континуитет садиме садници на кеј, во централното градско подрачје, на кружниот тек, ги обновуваме оние механички искршени и уништени садници и во целото градско подрачје. И приградските населби се опфатени со нови садници, имаме договорено акција во Агино Село, исто така и за садење дабов садник со „Коледари’, така што во наредниот период во континуитет ќе се садат доста голем број садници и од нашиот расадник и од садниот што е набавен од страна на општината, истакна директорката на „Чистота и Зеленило“, Цветанка Ивановска.

Акциите за садење садници продолжуваат и наредниот период.

Дата: 3/4/2021