Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


Денеска, во својот кабинет, Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, оствари работна средба со Директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски и раководителот на Секторот за одржување и унапредување на врските со иселеништвото, информирање и културен развој на исселениците, Билјана Костова.

На средбата е разговарано за иницијативите и  можностите за соработка помеѓу Агенцијата за иселеништво и Општина Берово, во насока на интеграција на иселениците во јавниот економскиот и културниот  живот, размената на информации, како и за можноста  за инвестицции.

Градоначалникот Пекевски информираше за различни иницијативи од културен аспект што општината ги реализира, за општинските услуги во сферата на социјалната заштита, како и можностите за развој и инвестиции, особено во делот на туризмот.

Директорот Близнаковски упати на иницијатива  за системска соработка со општините, преку споделување на информации и нивна  презентација пред иселеничките поединци и организации во светот, со цел нашите иселеници, да  бидат информирани што се случува и секој да може да ги пронајде потребните информации.

Во рамки на средбата, посебен акцент е ставен на  потребата од унапредување и продлабочување на соработката со иселениците.

Дата: 3/1/2021