Интервју со Мирјана Мајик- писателВљубеник во пишаниот збор, поетеса која повеќе од 35 години живее и работи во Ре-публика Хрватска, жена која се залага за промоција на македонската култура, јазик и традиција во местото на живеење, интервју со Мирјана Мајиќ
1. Родени сте во Скопје. Кога заминувате во Репу-блика Хрватска?
Да, родена сум во Скопје, Република Македонија. Се омажив многу млада на 18 години, само некол-ку месеци со сопругот живеевме во Скопје, а потоа во Ниш, Република Србија 11 години. После Ниш, дојдовме во Задар, Република Хрватска. Сите вика-ат од каде е жената од таму е мажот, кај нас испадна обратно. Мојот сопруг е далматинец и не ми е жал што дојдов да живееам во неговиот крај. Во Задар живеам од 1980 година, што значи еве веќе 39 годи-ни. Животот е секаде убав ако знаете да се снајдете, да бидете комуникативни и активни во некои сфери на општеството.
2. „Песни од мојата душа”, Зборникот од ваши сти-хови, се дел од книгите кои во изминативе години ги издадовте. Каква тематика обработуваат вашите книги?
Имам издадено две збирки на поезија. Првата е за-едничка со мојата ќерка Еми Лонгин која прво одде-ление го заврши во Скопје. Насловот е „Носталгија и љубов”, a самиот наслов кажува за што е пишувано. Тоа се песни посветени на мојот град Скопје, на моја-та татковина Македонија, за родителите и се разби-ра за љубовта кон децата, сопругот, родителите и моите најблиски што ги оставив во татковината со кои растев и живеев. Љубовта кон мојот втор дом, прекрасниот град Задар. „Песни од душа” е втората самостојна збирка во кои песните се пишувани баш од душа и во оваа збирка е измешана љубовта кон татковината, сегашниот дом и моите сакани. Еве ако ставам некое резиме за моите песни во последно време најповеќе ми лежат љубовните. Па можеби не-кој ќе рече баба од 68 години пишува љубовни песни. Да, оваа баба минатата година во декември месец славеше ЗЛАТНА СВАДБА, па еве ако ми се одобрат средства преку Советот за национални малцинства од Владата на Република Хрватска се надевам во текот на втората половина на оваа година дека ќе имате можност да присуствувате на моите промо-ции што имам намера да ги правам по Македонија. Мојата следна збирка ќе носи наслов „Во прегратка на љубовта”. Целосно е посветена на мојот сопруг кој ми дава снага и разбирање за моите активности. Па ете можам да се пофалам дека имам песни во многу заеднички зборници, исто така имам објавено песни
и во Берлин, Бихаќ, Струга и ширум низ Република Хрватска. Минатата година добив специјална награ-да од ХКД огранок Загреб за песна пишувана на ма-кедонски јазик „Сакај ме повеќе”, а и годишна награ-да од ХКД огранок, член сум многу години и воедно сум дел од управен одбор на ова Друштво.
3. Што ве инспирира за да создавате и пишувате?
Создавам и пишувам од она што го доживувам, што сакам. Животните патишта се чудни. Се наоѓам во многу различни средини, се случуваат разноразни случки и понекогаш и тоа ме понесува. Впрочем пи-шувам по инспирација, и таа инспирација ако не ја запишам веднаш се губи. Затоа секогаш бар на лив-че си запишувам тоа што моментално ќе ми падне на памет. Има и песни кои ги пишувам по тема како на пример кога читаме за „Валентиново”. Минатата година гостував во Шибеник во театарот во органи-зација на едно Шибенско поетско Друштво. Во Задар с се одржуваат поетски читања многу често. „Задар чита”, „Борба против насилство над жените”, за 8-ми март и многу други теми.
4. Која ваша песна ве отсликува вас самата, во која се пронаоѓате?
Тешко да се издвои песна која ви е најмила, тоа е исто како да речам повеќе го сакам синот од ќерката, ама ако морам од двете издадени збирки посветени на мојата внука Леа, од првата би ја издвоила песната „Аманет” во која им порачувам на моите деца и на внуката: „И кога ќе умрам сетете се од каде е мајка ви, баба ви... и секако, Епитаф за мојата сакана се-стра Стојна. А во втората збирка песната посветена на мојата внука „За твојот 18/ти роденден Леа”. По-себна песна ми е песната „Мојот дом”.
5. Што сакате да правите во слободното време, дали можеби и тогаш пишувате?
Слободно време имам навистина сосема малку, и ако го имам творам. Пишувам, она што некогаш сум запишала бар еден стих, а по тоа го развивам во песна. Многу време проведувам работејќи за МКД „Билјана” во кое сум веќе 15 години претседателка. Ако сакате да направите еден програмa или манифе-стација морате цела да се дадете во тоа. Што значи од пишување на програмите до реализацијата на ис-тите има многу работа. Јас сето тоа го работам со срце од душа и затоа сум можеби многу успешна. Јас патувам на многу поетски фестивали. Поезијата ја сакам многу.
6. Вие сте активна и во иселеничката организација МКД „Билјана“ од Задар, како ова здружение им по-мага на македонците кои живеат во Република Хр-ватска?
МКД „Билјана” оваа година во мај месец ќе слави 20 години од своето основање, еден голем jубилеј кој се надевам ќе го прославиме достојно. Ние сме малцинство кое е најактивно во Задарската жупа-нија. Што се однесува на Македонците кои живеат во Република Хрватска, секое македонско друштво кое е во склоп на Заедницата на Македонците во Република Хрватска, на сите наши Македонци им пружаме доста информации од нашата татковина, секој може да дојде во Друштвото и ако не е член да се распраша што го интересира и ќе добие одговор, се разбира онолку колку имам сознание за тоа што го интересира. Јас лично настојувам за секој наш празник да се собереме да си ги направиме обичаи-те. Често зборувам за легенди врзани за некој праз-ник. Понекогаш членовите на Друштвото се чудат како сум запамтила се. Се сеќавам на многу наши легенди и обичаи и им ги кажувам. Јас сум и прет-ставник на македонското национално малцинство во Задарска жупанија, па така ми се познати пра-вата на Македонците во Република Хрватска. Веру-вајте дека навистина сме почитувани и почитуваме се што ни овозможува Република Хрватска. Лојални граѓани сме.
7. Која е разликата во живеење во Република Хр-ватска од Република Северна Македонија?
Животот во Хрватска е на некој начин поинаков и тука и во Македонија. За жал бев минатата година и видов разлики. Не знам, тешко ми е да зборувам. Меѓутоа треба да се погледа на вистината во очи. Најповеќе ме мачи што народот е измачен во Ма-кедонија. Пак ќе речам за политиката не сакам да зборувам, тоа ќе оставиме на политичарите. И во Хрватска не цветаат рози за сите. Мене ми фали овде нашето гостопримство, нашата пружена чаша вода за добредојде, убавиот македонски разговор. Само и тоа на некој начин успевам да го надополну-вам преку нашето македонско друштво.
8. Што најмногу ви недостига од Скопје?
Ми недостига секоја планина, езеро, секој град, се-кое село...Македонија е дел од мене, јас сум Македо-нија. За македонската кујна и да не зборувам, само што јас моите ги научив од почетокот да јадат ма-кедонски и далматински јадења. Е, да, ми недоста-сува бозата. Инаку сите македонски специјалитети ги готвам. Би сакала да сум во можност да доаѓам почесто да се дружам со македонските поети. И се разбира моите роднини, пријателки и пријатели. Ми недостасува што не можам да запалам свеќи на гробовите на моите најмили.
9. Што би им посакале на сите оние кои го читаат ова интервју?
На сите кои ќе го прочитате овa интервју ви поса-кувам многу здравје, среќа, љубов, благосостојба и мир. Понекогаш човек треба да најде задоволство во малите нешта и да биде среќен.
|