Калциумот е минерал кој ја има клучната улога за здрави коски. Консумирањето на доволно количество на калциум помага при одржување на здравјето на срцето, мускулите, нервите и забите.
Храна богата со калциум
Калциумот е најзастапен во млекото и млечните производи како јогурт, сирење, кашкавал. Но, исто така се среќава и во брокулите, спанаќот, кинеската зелка и житариците .
Зошто калциумот е толку важен?
Повеќе од 99% од калциумот во нашето тело се складира во коските и забите, за да ги одржува цврсти. Кога калциумот се апсорбира во нашето тело тој со помош на витаминот Д се транспортира до коските. Таму, заедно со фосфорот им даваат цврстината на сите коски.Коските растат и се оформуваат од десеттата до дваесеттата година од нашиот живот. По 30-тата година тој процес се забавува и трае до 30-тата година. Потоа организмот започнува да троши од складираните резерви на калциум, за да го одржува правилното функционирање на нервниот и кардиоваскуларниот систем.Калциумот помага и во заштитата од канцерогени заболувања.
Симптоми кои што можат да се појават при недостиг на калциум се:

- Вкочанетост во нозете и рацете;
- Болки во зглобовите и чести скршеници по телото;
- Грчеви во мускулите;
- Кршливи нокти;
- Екзема;
- Несоница.
|