Кошничка

Имате 2 информации во вашата кошничка за печатење


500 гр грав 1 кг кромид, 200 гр масло, 4 суви пиперки, неколку лаворови листови, сол и помалку црвен и црн пипер. 
Гравот се вари во доста вода додека не омекнат зрната, но не и да се сварат сосема. Во мегувреме кромидот се сецка на ситни резенки и се пржи, потоа се посолува, му се додаваат по малку црвен и црн пипер. Во земјено тавче се редат ред кромид ред грав, така што одозгора да биде грав. Сето тоа се налева со водата во која вриел гравот, па се наредуваат сувите пиперки и лаворовите листови и сето се потпечува во рерна се додека водата комплетно не испари. Се служи топло, но може и студено, како додаток на свински кременадли или плескавици.

Дата: 10/21/2010


Земете:
1 кг млади коприви,,
300 гр бело сирење,
50 гр трапист или ементалер,
50 гр пармезан, малку путер (50 гр) и
сол по вкус.
Копривите, добро исчистени се ставаат во жешка солена вода и се варат десетина минути потоа сеч процедуваат, се сечкаат ситно, се пасираат, се пропржуваат на путерот и се редат во огноотпорна чинија подмачкана со путер. Врз нив се рендаат траписот и пармезанот, се се измешува а одозгора се ставаат тенки парчиња сирење. Се се става во рерна да се потпече десетина минути. Се служат топли.

Дата: 10/21/2010