1520 година германскиот црковен реформатор Мартин Лутер ги прекина сите врски со Рим.
1810 година францускиот цар Наполеон Први на Франција и додаде германски територии со градовите Хановер, Бремен, Хамбург, Лауенбург и Либек.
1868 година првите семафори за регулирање на сообраќајот во светот почнаа да работат во Лондон, на булеварот пред зградата на парламентот.
1896 година во Сан Ремо умре Алфред Нобел, шведски хемичар, пронаоѓач и индустријалец. Во 1867 година го пронајде динамитот, а во 1886 година балиститот, еден од првите бездимни барути.
1913 година познатата слика на Леонардо да Винчи "Мона Лиза" е вратена во парискиот музеј Лувр, од каде што две години порано беше украдена.
1964 година познатиот црнечки политичар и борец за црнечките права во САД Мартин Лутер Кинг ја доби Нобеловата награда за мир.
1997 година во Скопје излезе првиот број на магазинот „Став“, весник на студентите на новинарство при Правниот факултет.
2006 година умре поранешниот чилеански диктатор Аугусто Пиноче. На власт дојде со воениот удар во 1973 година, кога е тргнат легално избраниот претседател Салвадор Аљенде. На чело на Чиле беше до 1990 година.
|