Кошничка

Имате 2 информации во вашата кошничка за печатење


1945 година во Пасадена, Калифорнија, умре Томас Хант Морган, американски биолог, основач на генетиката, наука за наследните особини.
1993 година на изборниот Архиепископско-црковен народен собир на МПЦ, што се одржа во катедралниот храм на охридските архиепископи "Св. Софија", во Охрид, Господин Михаил, Митрополитот Повардарски е избран за поглавар на Македонската православна црква.
1995 година во Скопје умре Петар Глигоровски, македонски академски сликар на анимирани филмови. Роден е во Скопје, во 1938 година.

Дата: 12/4/2010


- Меѓународен ден за борба против корупцијата.
1608 година во Лондон е роден Џон Милтон, англиски поет, еден од најзначајните во светската литература, а според некои, најголем по Шекспир.
1985 година  генералното собрание на Обединетите нации едногласно ја прифати резолуцијата со која сите акти на тероризам се осудени како криминал.
2001 година на 71 година во градот Бризбејн, Австралија, почина македонскиот диригент Ванчо Чавдарски. Тој беше и директор на Македонската филхармонија и многу придонесе за растежот на тој ансамбл, за основањето на Камерниот оркестар на таа институција, како и за афирмација на македонското музичко творештво.

Дата: 12/8/2010