Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


1791 година во Виена умре Волфганг Амадеус Моцарт, голем австриски композитор, автор на повеќе музички дела со кои даде печат на совршенството и на неповторливиот личен израз.
1848 година во цела Америка почна „златната треска“ откако американскиот преседател Џемс Полк објави дека во Калифорнија е пронајдено злато.
1901 година во Чикаго е роден Волт Дизни, познат северноамерикански цртач и филмски продуцент, творец на модерниот цртан филм.
1926 година умре францускиот сликар Клод Моне, еден од основачите на импресионизмот.
1990 година во Скопје е регистрирана политичката партија Балканска федерација - Балкан без граници, со седиште во Скопје. За претседател е избран Димитар Даскалов.
1995
година шефот на шпанската дипломатија Хавиер Солана официјално ја презеде функцијата генерален секретар на НАТО, како прв Шпанец на чело на западниот воен сојуз.
1996
година претседателот на САД Бил Клинтон за министер за надворени работи (државен секретар) ја назначи Медлин Олбрајт, прва жена на таа функција во американската историја.

Дата: 12/5/2010