Кошничка

Имате 2 информации во вашата кошничка за печатење


СВИНСКО СО ПИПЕРКИ ОД ТУРШИЈА
Земете:
700 - 800 гр свинска удина,
!4 кг пиперки од туршија,
3-4 лажици пченкарно брашно,
1 шоличка масло,
2-3 главички кромид,
црвен пипер,
сол по вкус.
Месото се сече на средно големи парчиња, се посипува со црвен пипер и една чашка жешка вода и се вари додека не омекне во поклопеното тенџере. Пиперките посебно се сечат на резенки и се пржат неколку минути, им додавате пченкарно брашно, го пропржувате уште малку сето тоа, а потоа целата смеса, заедно со месото ја ставате во земјено тавче (по потреба се додава уште една чаша жешка вода) и се вари во рерна уште половина час. Јадењето се сервира топлбГ

Дата: 11/26/2010


20-25 поголеми пиперки (од тоа 5 лути)
1 килограм домати
2 модри патлиџана
8 чешниња лук
1 рака толчени ореви
масло
сол
Измијте ги пиперките и пржете ги на маслo. Од како ќе бидат пржени излупете ги и извадете го семето. Потоа доматите излупете ги исечкајте ги ситно и во маслoто каде што се пржеле пиперките, пржете ги доматите се додека не излезе маслото oдозгора. Мoдриот патлиџан испечете го и излупете го. Во дрвено ваганче истолчете го лукот со сол, пoтоа толчете ги пиперките, потоа модриот патлиџан и на крај ставете гo сосот од дoматите. Измешајте добро и ставете ги во сад на оган да зовријат се додека се изедначи смесата.

Дата: 11/26/2010