Кошничка

Имате 2 информации во вашата кошничка за печатење


Потребно е:
- 1 лист обланди
- 2 конзерви туна
- 100 гр пченка
- 3 кисели краставички или повеќе
- 2 лажици пржен сусам
- 100 гр маргарин
- Пипер
- Кечап
Обландата се става помеѓу две влажни крпи за да омекне, додека се подготвува филот.
Маслото од туната се исцедува, а потоа се додава путер и се мешаат сите заедно. Се додаваат крупно исечканите краставички,
пченката и печениот сусам. Сите заедно, се комбинираат  како фил и се премачкуваат омекнатите обланди, а потоа се виткаат како ролна.
Оставете ги 2 часа во фрижидер да се стврднат и пред да се исече на ролни, украсете ја со кечап.

Дата: 12/5/2010


1. Половина кг. свежи печурки
2. сол
3. 2 големи лажици маслиново масло
4. 2 големи лажици оцет
5. 1 голема лажица мајчина душичка
6. црн пипер
Во длабок сад измешајте ги состојките. Печурките нека бидат со средна големина и печете ги цели. Откако се ќе се измеша се ставаат во загреана рерна на 250 степени, во сад обложен со фолија за печење. Печете 10-15 мин и потоа промешајте ги, па печете уште 10 тина минути додека поруменат.
Послужете со месо, можете да додате уште оцет по вкус.

Дата: 11/25/2010