Кошничка

Имате 3 информации во вашата кошничка за печатење


1830 година Белгиското собрание (конгрес) ја изгласа одлуката за воспоставување монархија.
1963 година во Далас, во државата Тексас, во САД, е извршен атентат врз претседателот на САД Џон Фиџерланд Кенеди.
1994 година во Скопје е формирано Друштвото за македонско-украинско пријателство и соработка.
2005 година претседателот на Демохристијанската партија (CDU) Ангела Меркел е избрана за канцелар на Германија. Таа е првата жена канцелар во историјата на Германија.

Дата: 11/21/2010


2006 година во Скопје почина Проф. д-р Илија Бојаџиев долгогодишен шеф на Катедрата за педијатрија на Медицинскиот факултет. Тој е основоположник на Одделот за имунологија на Клиниката за детски болести и е еден од пионерите на клиничката имунологија во Македонија. Денес, во негова чест, овој оддел го носи неговото име. Роден е во Дебар, на 17 јули 1932 година.

Дата: 10/22/2010


1944 година Со акт на Президиумот на АСНОМ е формирана Народната библиотека, денес Народна и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
1991 година Претседателството на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија зазеде став објектот на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (познат како зграда на ЦК) да го предаде на располагање на македонската држава.
1995 година Целиот свет ја поздрави мировната спогодба за Босна, која ја потпишаа тројцата главни актери во Дејтонските преговори, Фрањо Туѓман, Алија Изетбеговиќ и Слободан Милошевиќ.
1998 година Претседателот на Република Македонија Киро Глигоров, Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, го определи за мандатар за состав на новата влада на Република Македонија.

Дата: 11/22/2010