Кошничка

Имате 2 информации во вашата кошничка за печатење


1881 година во Малага, Шпанија, е роден Пабло Луис Пикасо, шпанско-француски сликар, еден од најголемите светски сликари, основач на кубизмот. Посебно место во неговиот уметнички опус заземаат композициите "Госпоѓиците од Авињон", "Герника" и големата ѕидна слика во палатата на УНЕСКО во Париз. Најголемиот дел од животот го помина во Париз, оставајќи зад себе голем печат врз уметноста на 20 век. Тој многу се соживеа со скопската трагедија од земјотресот во 1963 година и со солидарната акција за собирање уметнички дела. Тој меѓу првите се огласи, испраќајќи ја својата позната слика "Глава на жена". Умре во својата вила, во малото место Мужен, на француската ривиера, на 8 април 1973 година.
1825 година во Виена е роден Јохан Штраус - помладиот, австриски композитор, виолинист и диригент. Тој е создавач на класичната виенска оперета во која доминира валцерот. Најважни негови дела се оперетите: "Лилјакот", "Циганскиот барон", валцерите "На убавиот син Дунав" и други. Умре во Виена, на 3 јуни 1899 година.

Дата: 10/24/2010


1786 година роден е Карл Марија фон Вебер, германски композитор и диригент, творец на германската романтичарска опера.
1833 година во САД е прифатено стандардното сметање на времето и земјата е поделена на четири временски зони.
1874 година во селото Постол, Егејска Македонија, е роден Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација.
1919 година во Скопје е роден Бане Ковач, еден од основоположниците на македонското новинарство и еден од првите стенографи во Македонија.
1986 година во Скопје умре Љупчо Арсов, народен херој на Југославија, од Македонија, член на АСНОМ, потпретсeдател на првата влада на ФД Македонија.
1991 година Собранието на Република Македонија го усвои Уставот. Од 120 пратеници за Уставот гласаa 92.
1993 година во Белград умре проф. д-р Светозар Бркиќ, редовен професор во пензија на Филолошкиот факултет во Скопје, познат англист.

Дата: 11/18/2010