Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


- Денеска е Меѓународен ден на студентската младина.
1800 година конгресот на САД првпат се состана во новата престолнина Вашингтон, а американскиот претседател Џон Адамс стана првиот станар на официјалната резиденција на претседателот на САД, подоцна наречена Белата куќа.
1858
година умре велшкиот филантроп Роберт Овен, социјалист-утопист и социјален реформатор, индустријалец кој своето богатство го потроши на остварување на проектите на социјалните реформи.
1855 година Шкотскиот истражувач Дејвид Ливингстон ги откри водопадите на реката Замбези, наречени по англиската кралица Викториини водопади. Нивната ширина изнесува 1.717 метри, а висината е околу 100 метри.
1991 година усвоен е Уставот на Република Македонија, прв по прогласувањето на суверена и самостојна Република Македонија.
1996 година во Република Македонија се одржаа првите локални избори по осамостојувањето на земјата - за градоначалници и за совети на 123 општини, односно 124 со градоначалникот и Советот на Град Скопје. 

Дата: 11/17/2010