Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


1831 година роден е шкотскиот физичар Џејмс Клерк Максвел, најголем теориски физичар во 19. век.
1868 година умре италијанскиот композитор Џоакино Антонио Росини, автор на 39 опери.
1882 година во Кавадарци е роден македонскиот револуционер и војвода Добри Даскалов.
1944 година четириесет и втората дивизија на НОВ на Македонија, во содејство со Шеснаесеттата македонска бригада на Кумановската дивизија на НОВ на Македонија и со помош на вооруженото население, го слободија Скопје и со брзо дејство го спречија уривањето на мостовите на реката Вардар и на хидроцентралата „Матка“.
1993 година ден на Македонското друштво на ортопеди и травматолози.
1997 година петнаесет земји меѓу кои и Република Македонија, ја потпишаа Европската конвенција за националностите.
2001 година на патот Прилеп - Велес, кај месноста Каменолом, во сообраќајна несреќа загина Ѓорѓи Котевски, пратеник во Собранието на Република Македонија, новинар и писател.

Дата: 11/12/2010