Кошничка

Имате 2 информации во вашата кошничка за печатење


Македонските граѓани кои имаат регулирано постојан престој на територијата на Англија, Велс и Шкотска, од 20 мај ќе можат да управуваат возило со македонска возачка дозвола. Носителите на македонска возачка дозвола кои имаат регулирано постојан престој на територијата на Англија, Велс и Шкотска, на нивно барање може да им се изврши замена на возачката дозвола, и тоа почнувајќи од 20 мај годинава, што ќе значи и конечно решавање на ова многу важно прашање за македонските државјани во Обединетото Кралство, а се очекува многу скоро, оваа законска процедура да биде прифатена и од властите на Cеверна Ирска.Ова важи за дозволи кои го овластуваат управувањето со класата на возила кои соодветствуваат на класата на возила опфатени во категориите B, B+E, F, K или P, или поткатегоријата B1 и се издадени од страна на Министерството за внатрешни работи во Република Македонија.
Дата: 5/6/2021


Настава по македонски јазик во Република Словенија. На интересен и забавен начин, дечињата со помош на наставничката Снежана Катарова, за време на пандемијата го учат мајчиниот јазик. Во продолжение слики од наставата.

Дата: 3/18/2021