Кошничка

Имате 3 информации во вашата кошничка за печатење


1801 година во Катанија е роден Винченцо Белини, италијански оперски композитор. Тој е творец на италијанскиот оперски стил, наречен белканто. Најпознати му се оперите: "Норма", "Месечарка", "Пуританци", "Капулети и Монтеки" и други. Умре на 24 септември 1835 година.
1813 година во Његуш е роден Петар Петровиќ-Његош, владика и владетел на Црна Гора, еден од најголемите црногорски поети. Како владетел ги среди политичките состојби во земјата, организира судови, воведе данок, формира сенат, го изгради првото основно училиште и формира печатница во 1834 година. Познати се неговите епови: "Луча микрозма", "Шќепан Мали" и "Горски венец", најдоброто негово дело кое е преведено на сите европски јазици. Умре во Цетиње, на 31 октомври 1851 година.
1946 година Обединетите нации формираа Меѓународен фонд за помош на децата (УНИЦЕФ).
1973 година Од станицата Трубарево тргна првиот електричен воз во Македонија.
1998 година Република Македонија стана 24-та членка на Европската организација за безбедност на воздухопловната навигација - ЕУРОКОНТРОЛ со седиште во Брисел.
2002 година Македонското Собрание со 72 гласа "за" и 28 "против" ја избра новата Влада на Република Македонија, предводена од Бранко Црвенковски.

Дата: 10/31/2010


1821 година во Москва е роден Фјодор Михаилович Достоевски, великан на руската и на светската литература.
1918 година во Комиенската шума кај Париз, Германија потпиша капитулација, со што заврши Првата светска војна.
1963 година во Скопје излезе првиот број на дневниот весник "Вечер".
1990
година во СР Македонија се одржаа првите слободни повеќепартиски избори.
1992
година Англиската англиканска црква ја напушти својата вековна традиција со што им дозволи на жените да стануваат свештеници.
1998 година во Скопје, во црквата „Света Петка“ е отворена првата (црковна) народна кујна.

Дата: 11/10/2010


1793 година Парискиот музеј Лувр првпат беше отворен за публиката. Пред тоа Лувр беше кралски дворец.
1878 година роден е Димитрија Чуповски, еден од најистакнатите и најдоследните организатори и афирматори на македонската национална мисла, политичар, дипломат, научник, историчар и филолог.

1878 година роден е Димитар Влахов, истакнат македонски револуционер, политичар и публицист, повеќе децении присутен на македонската историска сцена во борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување.

1906 година
во Штип е роден Михаило Апостолски, македонски академик, народен херој и генерал-полковник.

1990 година
Собранието на Социјалистичка Република Македонија, под претседателство на Вулнет Старова, ја одржа последната официјална седница на стариот делегатски состав, пред претстојните повеќепартиски избори

Дата: 11/7/2010