Кошничка

Имате 2 информации во вашата кошничка за печатење


1831 година умре прускиот генерал Карл фон Клаузевиц, еден од најпознатите воени теоретичари на 19. век.
1912 година почна Битолската битка во Првата балканска војна во која добро утврдената турска Вардарска армија на Зеки паша, која се повлече по поразот од Кумановската битка, по тридневни битки беше поразена од српската Прва армија на Александар Караѓорѓевиќ со што Јужна Србија (денешна Македонија) и Стара Србија (Косово и Метохија) конечно беа ослободени од Турците.
1898 година во Солун е роден Симеон Кавракиров, македонски револуционер, следбеник на Гоцевите идеи и секретар на Обласниот комитет на ВМРО за Пиринска Македонија.
1923 година во селото Никифорово, Гостиварско, е роден Чеде Филиповски-Даме, народен херој на Македонија.
1962 година Скопје, главниот град на Република Македонија, го зафати катастрофална поплава.
1995 година во Скопје умре Петре Прличко, доајен и еден од втемелувачите на македонската театарска уметност, актер и режисер.
2001 година Собранието на Република Македонија ги прогласи 15-те амандмани за промена на Уставот на Република Македонија, иницирани од Рамковниот охридски договор.
2006 година умре Милтон Фридман, економист и добитник на Нобеловата награда. Признат е како „татко на монетарната теорија“.

Дата: 11/15/2010


1515 година умре Мариото Албертинели, италијански сликар, еден од претставниците на Фиорентинската школа на високата ренесанса. Роден е на 13 октомври 1474 година. 
1940 година демократот Франклин Рузвелт го победи на изборите републиканецот Вендел Вилки и по третпат е избран за претседател на САД. 
1944 година умре францускиот хирург и биолог Алексис Карел, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1912 година. Значаен е по откривањето на трансплантацијата на ткивата и одржување на живото ткиво надвор од организмот. Исто така ја унапреди хирургијата на крвните садови. 
1969 година САД го лансираа првиот вселенски брод "Маринер-3" во правец кон Марс. Поради технички грешки мисијата претрпе неуспех. 
1996 година демократскиот кандидат, гувернерот од Арканзас, Бил Клинтон убедливо победи на претседателските избори дури во 40 држави на САД. 
2006 година поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин е осуден на смрт со бесење за извршени злосторствата против човештвото. Садам заедно со седуммина поранешни ирачки функционери беше обвинет за убиство на 148 муслимански шиити во местото Дуџаил, по обидот за атентат врз него, во 1982 година.

Дата: 11/4/2010