Кошничка

Имате 2 информации во вашата кошничка за печатење


Почна реконструкцијата на дел од фекална канализација на улицата „11 Ноември" во кумановската населба Бедиње, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.
Жителите на овој дел од населбата ќе добијат реконструирана мрежа, бидејќи, старата е дотраена и нефункционална, изградена е во 60-тите години од минатиот век.
Реконструкцијата се извршува со средства обезбедени од програмата за инвестиции во животна средина преку Министерството за животна средина и просторно планирање и од општина Куманово, информираа претходно од Секторот за комунални дејности.
Општина Куманово го објави огласот за јавната набавка во октомври, минатата година. Вредноста на склучениот договор со компанијата изведувач, во декември, лани според податоците на електронскиот систем за јавни набавки со вклучен ДДВ изнесува 2.289.341,78 денари. На тендерот се пријавиле осум компании, избрано е Друштво за градежништво, трговија и услуги РМК ГРАДБА АС ДООЕЛ село Цветово, Студеничани.

Дата: 3/3/2021


Согласно препораките од Министерството за здравство, Светската организација и Владата на Република Северна Македонија и дописот од Министерството за култура за одложување на сите јавни манифестации и јавни собири до 6 март поради превенција од ширење на Корона вирусот, Домот на културата „Македонија“- Гевгелија ја одложува Поетско-музичката вечер „За тебе љубов моја“ која требаше да се одржи на 4.3.2020 година. Согласно препораките од Министерството за здравство, Светската организација и Владата на Република Северна Македонија и дописот од Министерството за култура за одложување на сите јавни манифестации и јавни собири до 6 март поради превенција од ширење на Корона вирусот, Домот на културата „Македонија“- Гевгелија ја одложува Поетско-музичката вечер „За тебе љубов моја“ 

 

Дата: 3/8/2021