Кошничка

Имате 2 информации во вашата кошничка за печатење


Директорот на Агенцијата за иселеништво, г-дин Слободан Близнаковски оствари работна средба со градоначалникот на општина Св. Николе, г-дин Сашо Велковски. Целта на оваа работна средба беше размена на информации од локалната самоуправа, како и информации поврзани со културата. На оваа средба стана и збор за можноста за инвестирање на иселениците во општините. Воедно се разговараше за начинот за заедничка поддршка на туризмот и промовирање на истиот пред иселениците во дијаспората.

 

 

 

Дата: 2/16/2021


Започнува чистењето на главната сообраќајница во Крушево. Овва активност доаѓа како редовна по одржувањето на улиците во зимски услови.

– Започнуваме со чистење на главната улица во градот каде што се расфрлаше голема количина на ризла и сол при наносите на снег. Во наредните неколку дена ќе продолжиме, а од петок ќе ни се приклучи ТППЕ Крушево во миење на улиците, посочи в.д. директорката на „Комуна“, Станка Ефремова Трајкоска.

Директорката на „Комуна“ одблиску ја следела работата на терен затоа што, според неа, чистотата е една од најважните делови на работа на претпријатието.

Дата: 3/3/2021