1890 година во Лондон беше отворена првата линија на подземна електрична железница во светот - метро. Второто метро во светот, а прво на европскиот континент беше будимпештанското, отворено во 1896 година.
1893 година во Солун, со учество на истакнатите македонски револуционери Даме Груев, учител од селото Смилево, Петар Поп Арсов, учител од селото Богомила, д-р Христо Катарчев, лекар од Ресен, Иван Хаџи Николов, книжар од Кукуш, Андон Димитров, учител од селото Ајватово и Христо Батанџиев, учител од Гуменџа, е формирана Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО). Најголемо дело на Организацијата беше Илинденското востание во 1903 година.
1980 година за претседател на САД беше избран републиканецот Роналд Реган, кој на оваа функција остана два мандата, бидејќи ги доби изборите и во 1984 година.
2000 година умре Миле Ангеловски, македонски новинар. Роден е во селото Горна Бошва, Кавадаречко, во 1936 година.
2004 година Соединетите Американски Држави ја признаа Република Македонија под уставното име.
|