Кошничка

Имате 2 информации во вашата кошничка за печатење


 БЛАГОСЛОВИ МАЈКО

 

Ајде мајко во чаршија

Да купиме прстен бурмајлија,

Вечер сватови да одиме

Неа дома да ја водиме.

 

Без неа дома не се враќаме

Ако треба три музики ќе праќаме,

Срцето мое, само за неа бие

Сиот град нека знае и чуе.

 

Снага тенка, висока

Убава како самовила,

Усни како цреши зрели

Болен сум мајко за нејзини бакнежи врели.

 

Отвори мајко вратите

Во домот наш да се всели,

Да сме вечни, здрави и весели

Од тебе и Бога благословени.

 

Со рожба Бог да не дарува

Љубов, слога во домот да царува,

Адети стари да негуваме

Македонско име за век да чуваме.

 


 МОМА МАЏАР-МАЛКА

Покрај Драгор едно утро прошетав

Лична мома Маџар-Малка здогледав,

Бело лице миеше, солзи од очи криеше

Тешки клетви по младо момче фрлаше.

Сто години да живее,                      

Сто држави да прошета,

Сто девојки да залуби

Мене да не заборави!

 

Низ Битола еден ден прошетав

Од Безистен до чаршија,

Иста мома Маџар-Малка здогледав,

Есап, пазар, правеше, скапо срма плаќаше 

Џабе не сакаше, на трговец му лафеше.

Сто години да живее,                      

Сто држави да прошета,

Сто девојки да залуби,

Мене да не заборави!

 

Еј, ти момче млад аџамија,

Не сакам ништо вересија

Не сакам ништо бадијала.

Срце ми е ветено, бело лице љубено

Дарови спремам за него, така било судено.

Сто години да живее,                      

Сто држави да прошета,

Сто девојки да залуби,

Мене да не заборави!                                  

Дата: 3/22/2021


Оркестарот на Филхармонија вечер со почеток од 20 часот ќе го одржи традиционалниот концерт по поводДенот на вљубените насловен „24 илјади бакнежи“.
На програмата се безвременски љубовни песни – „Еден бакнеж“, „Beautiful Maria“, „Ne me quitte pas“ и други. Насловот на концертот е извлечен од песната „24.000 baci“ која исто така ќе биде изведена. Напишана е 1961 година од Е.Леони, П.Виварели, Л.Фулчи и А.Челентано. Премиерно била изведена на фестивалот „Сан Ремо“ во изведба на Адриано Челентано и Литл Тони и го освоила второто место. Се смета за прва рокенрол песна која влегла во конкуренција за наградата, воедно и за композиција која ја третира младината во времето на сексуалната револуција.

Како солист на концертот ќе настапи нашиот тенор со интернационална кариера Благој Нацоски, кој доаѓа специјално за овој концерт од Италија и младата македонска вокалистка Светлана Јовановска. Ќе настапи и хор, а во рамки на концертот ќе има и балетска точка во изведба на Кала Каревски, во кореографија на Саша Ефтимов.

Концертот ќе го води маестра Дијана Имери Илкоска, која образованието го стекнува на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Саша Николовски-Ѓумар, а магистрирала во класата на проф. Борјан Цанев во 2018 година.

-Ги поканувам сите љубители на најубавата уметност да ни се придружат и заедно да уживаме во специјално одбрана програма со дел од најубавите љубовни теми. Постарите ќе можат да се вратат во младоста, а помладите да чујат како звучеа љубовните песни во минатото. За мене, е особено задоволство да се работи со нашата Филхармонија како и одличните солисти Благој Нацоски и Светлана Јовановска со кои заедно, се надевам, ќе успееме да ја пренесеме нашата љубов во ова време во кое љубовта ни е особено потребна, вели Имери- Илкоска.
 

Дата: 2/15/2021