Интервју со Јасна Богдановска- професор
Од вљубеник во математиката до успешен професор по фотографија на факултет во Рочестер, Њујорк. Како се изнедри љу-бовта кон фотографијата и на што ги учи своите студенти. Точната средишна точка помеѓу мојот роден град Скопје и сегашни-от дом во Рочестер е местото Гриндавик во Исланд- професор Јасна Богдановска од Рочестер, Њујорк.
1. Своето основно и средно образование го завр-шивте во Скопје, Република Северна Македонија, од каде желбата да заминете во странство и таму да ги започнете студиите?
Заминувањето во странство се случи сосема не-планирано. А почнувањето на студиите беше некако нормален продолжеток по завршеното средно обра-зование во гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин во Скопје. Отсекогаш знаев дека ќе продолжам со студии и планирав да студирам математика. Меѓу-тоа, љубовта кон фотографијата се случи многу спонтано и решив да продолжам во тој правец.
2. Веќе 21 година живеете во Рочестер, Њујорк. Како е да се живее таму, што е поразлично од дома?
После толку долги години живеење тука, се чувству-вам дома и тука и во Македонија. Веќе разликите не ги ни приметувам, туку некако сè ми е нормално. Имам два дома, а една биографија.
3. Дипломиравте на факултет за рекламна фотогра-фија, а магистриравте на уметничка фотографија, од каде желбата да ја изучувате оваа уметност?
Веднаш по пристигнувањето во Америка, се запи-шав на факултет да студирам математика. Матема-тиката ја сакав од мала и отсекогаш мислев дека тоа и ќе продолжам да студирам. Додека растев ме интересираа и бев опкружена со различни видови на уметности, но никогаш не помислив дека некоја од нив би ми станала професија. Како дел од про-грамата за математика на факултетот овде, имаше и изборни предмети што можеа да се изберат во различни области. Решив да се запишам на глума и фотографија како изборни предмети.
Уште се сеќавам на моментот кога ја развив првата црно-бела фотографија во фотографската лаборато-рија. Под црвеното заштитно светло, во течноста за развивање се појавуваше полека фотографијата. Во тој момент, како да осетив магија. Буквално пеперут-ки ми мрдаа во стомак. Целиот процес на фотогра-фирање, развивање на филмот, поминување саати во лабораторија да се создаде таа крајна фотогра-фија, ме правеше многу среќно. Така и решив да се префрлам на студии по фотографија. Од самиот поток моето семејство ми беше огромна поддршка во мојата одлука.
Завршив висока школа на отсек за Визуелни Кому-никации, Фотографија и Телевизија, па продолжив на Институтот за Технологија во Рочестер (Rochester Institute of Technology) каде што дипломирав на одде-лот за Фото - Илустрација и Рекламна фотографија и магистрирав на одделот за Уметничка фотографија.
И до ден денес ја сакам математиката, и уште реша-вам задачи понекогаш. Но, драго ми е што ја направив таа одлука. Фотографијата ми дозволува да бидам љу-бопитна, да истражувам, да патувам и да осознавам различни култури. И после повеќе од 20 години мојата љубов кон фотографијата не е намалена. Напротив, и сега чувствувам возбуда и радост секогаш кога тво-рам.
4. Веќе 11 години работите како редовен професор по фотографија на факултетот. На што ги учите вашите ученици надвор од формалното образование?
Моите ученици ги учам да го гледаат неуспехот како позитивна работа и тоа да им даде поттик да бидат подобри и да пробаат нови нешта. Не можеме да доз-волиме стравот од неуспех да ги води нашите животи. Неуспехот е нешто со што се соочува секој, и тоа не можеме да го промениме. Ги насочувам да работат напорно и да се соочат со нивните стравови. Не смеат да бидат комотни и да тапкаат во едно место. Секо-гаш е подобро да пробате некој нов начин на правење на нештата, дури и ако тоа не функционира, отколку да останете удобни и да правите она што отсекогаш сте го правеле. Со тапкање во место и без преземање ризик, нема подобрување и прогрес.
Од огромна важност исто така ми е да ги научам сту-дентите да размислуваат глобално – да бидат љубо-питни за различни земји, култури, навики, обичаи. Да видат дека тие разлики меѓу луѓето што доаѓаат од различни култури се површни. Дека во основа сите сме исти, и можеме многу да научиме едни од други. До сега сум правела соработки меѓу моите студенти и студенти од Тајван, Канада, Бразил. Исто така соз-дадов час што го предавав во Исланд, па моите сту-денти имаа можност да живеат, творат и учат во оваа прекрасна земја. Во моментов спремам и час кој ќе се одржува во Англија.
5. Каков е моделот и системот на високо образование во Рочестер?
Како и секаде во Америка и во Рочестер моделот на високо образование се состои од 4 години студии за добивање на Bachelor диплома. Потоа следат уште 2-3 години студии за Master диплома.
Рочестер е град со голема концентрација на многу квалитетно високо образование во неколку различни универзитети, и убаво е да се биде опкружен со луѓе кои вршат истражувања, работат на проекти на раз-лични теми. Разговорите што ги правиме се секогаш инспиративни.
6. Покрај професурата, дали правите изложби на ваши фотографии, на кои свои дела сте најгорди?
Изложби правам редовно и во Америка и во стран-ство. Како уметник имам потреба да творам нон стоп и тоа е дел од секој мој ден. Едноставно тоа е дел од мене. Сметам дека тоа и ме прави и подобар професор. Преку моите лични искуства им пренесувам на моите студенти од прва рака како е да се создава уметност, со кои предизвици се соочувам, како правам истражу-вања и како ги преточувам во визуелна приказна.
Горда сум на сите мои дела, тие се темелат на моите размислувања и интереси во времето кога сум ги соз-давала. Моментално сеуште го живеам проектот По-меѓу Блиску и Далеку на кој што работам веќе неколку години. Проектот почна во годината која одбележа ва-жен пресврт во мојот живот. Бројот на годините што ги живеев во Америка станаа еднакви со годините поми-нати во Македонија пред мојата преселба. Ова откри-тие ме натера да почнам антрополошки, социолошки и географски истражувања за основите на идентитетот, чувството за припадност, сеќавањата. Преку овие ис-тражувања дознав дека точната средишна точка по-меѓу мојот роден град Скопје и сегашниот дом во Ро-честер е местото Гриндавик во Исланд. Бев поканета како Artist-in-Residence во Исланд, и од тогаш навака секоја година живеам и работам одредена време таму. Проектот е мултимедијален составен од видео проек-ции, фотографии и аудио дел. Испреплетен е од при-казни и митови за судбината, идентитетот, миграции-те, уништувањето и повторното создавање.
7. Дали имате можност да соработувате со македон-ци кои живеат во Њујорк?
Често одам во Њујорк, и службено и приватно, па има-ме можност да се дружиме. Да, сум соработувала со некои од нив. И сега има некои договарања за нова мултикултурна и мултимедијална соработка, но за тоа ќе зборуваме кога ќе дојде време.
8. Како го исполнувате вашето слободно време?
Моето слободно време е посветено на ќерка ми. Таа ме учи на вистинските убавини и вредности во живо-тот. Кога таа спие, истражувам и развивам нови про-екти, работам на идеи за рекламни кампањи, читам и сонувам.
9. Ви недостига ли татковината, дали би се вратиле назад?
Работејќи на различни проекти, сум патувала во мно-гу земји. Во некои земји сум била на подолго време, и секој пат кога учам за различни култури и запознавам нови места и луѓе, повторно и повторно осознавам дека разлики меѓу луѓето нема. Сите сме исти, со свои радости, таги, желби и соништа. Чувствувам дека би можела да живеам секаде. Македонија е секогаш дел од мене и секако дека би се вратила назад ако би се создале вистинските услови за тоа.
10. Што ќе им порачате на сите кои го читаат ова ин-тервју?
Им посакувам новата година да им биде исполнета со среќа, авантури и љубов. Да бидат искрени и доследни на себе во сè што прават. Да бидат бестрашни, љубопитни, храбри и отворени кон новите, непознати хори-зонти.
|