Кошничка

Имате 3 информации во вашата кошничка за печатење


 Роден во Врање, а по потекло од Куманово, својот ракометен пат го почнал уште како второоделенец во родното Врање. Судбината го донесе во Скопје на проба во Металург, а самиот вели дека бил пресреќен кога после првата проба добил понуда да заигра за тимот од Автокоманда. Интервју со Михајло Младеновиќ младиот лев бек на Металург.

Роден сте во Република Србија, но по татко имате корени од Куманово, што прво ве асоцира на Скопје?
Првото на што ме асоцира на Скопје е пред се ракометот, затоа што уште како мал слушав дека во Скопје има добри школи за ракомет.За ракометот, од своите тренери научив многу, но сепак сакав да напредувам. Спој на различни околности, а знаејќи дека во Скопје ракометот е на едно високо ниво, одлучив да дојдам тука. Овде имам можност да учам од врвни и квалитетни тренерски имиња и да напредувам во својата кариера, воедно тоа е и мојата најголема желба.

И ако сте млад спортист, зад себе имате големи успеси во вашата спортска кариера, од каде желбата за спортување и зошто го избравте ракометот?
Како мал заедно со татко ми посетувавме ракометарни натпревари. Атмосферата на натпреварите секогаш беше преубава, полна со позитивна енергија и на теренот и надвор од него и тоа доста ме привлекуваше. Додека сите мои пријатели се запишаа за да тренираат фудбал, јас одлучив да го изучувам ракометот и како времето поминуваше така знаев дека никогаш не погрешив во изборот.

На што ве научи спортот?
Спортот, сам по себе бара одговорност, одрекување и доста вложување. Тоа се трите основни работи на кој спортот ме научи, како и тимската работа и почитувањето на одлуките на другите. Мислам дека сето ова може да се пренесе и во секојдневниот живот, затоа што дисциплината во се е корисна и ефективна.

Се сеќавате ли на вашите први тренери, на што ве научија истите?
Моите први тренери никогаш не можам да ги заборавам, затоа што истите тие ме воведоа во светот на ракометот и ме научија на основните нешта кои ми се потребни за да изградам својата кариера.

Како започнува денот на еден спортист, што се е потребно за да се успее?
За секој спортист е важна дисциплината во текот на денот, а тоа пред се’ е квалитетен сон, начин на исхрана и самоиницијатива за индивидуална работа и максимална посветеност на тренинзите.

Сосема случајно, судбината од Врање ве донесе во Скопје, на проба во Металург, а по тоа добивте понуда да заиграте за тимот на Автокоманда, што значи за вас да играте во овој тим, воедно играте на позиција на лев бек?
Сите знаат дека Металург, како тим секогаш избира млади и талентирани играчи. Клуб кој има голема историја и познат е во Европа. Многу сум горд што веќе неколку години сум дел од овој тим и што можам да учам и напредувам на позицијата лев бек. Играјќи за Металург, ми се отвори можноста да играм во СЕХА лигата и Лигата на шампиони, каде можев да видам доста квалитетни тимови и играчи, што за мене е едно важно искуство.

Што за вас значи Лино Червар?
Лино Червар е големо име во ракометот, тренер кој зад себе има голем успех и познат е по тоа дека дава шанса на младите играчи. На мое огромно задоволство, токму кај овој реномиран тренер, на свој шеснаесет години добив зелено светло, за да бидам дел од тимот на Металург.

Каде се гледате себе како спортист во следните 10 години, кој клуб е вашата неостварена желба за иднина?
Јас би сакал за 10 години, себе си да се видам на завршниот турнир на Лига на шампиони, верувам дека тоа е желба на секој ракометар. Моите идни планови пред се’ седа учам и да напредувам во клубот во кој сум во моментов, а тоа е Металург, а за во иднина, ќе видиме.

Кој е вашиот омилен ракометар, дали можеби истиот ви е пример за тоа како се гради една успешна ракометарска кариера?
Мој идол е Никола Карабатиќ, еден од најкомплетните играчи на светот. Мислам дека тој е прав пример како еден играч треба да се однесува на теренот, но и надвор од него. Морам да признаам дека тука можам да го сместам и Вук Борозан, кој исто така ми се допаѓа, поради силната игра, би сакал да го следам неговиот пример.

Како го исполнувате вашето слободно време, кој е Михајло во слободно време?
Воглавно своето слободно време го користам за одмор, но се трудам да одвојам време и за дружење со моите соиграчи и пријатели. Сакам да бидам во добро и весело друштво, да се дружам со позитивни луѓе, да изгледам добар филм или добар ракометен натпревар.

Што ќе им порачате на сите кои го читаат ова интервју?
На сите кои го читаат овој текст сакам да им порачам дека мора да веруваат во она што го сакаат, но исто така мора да знаат дека за да се оствари една желба, мораат да вложат голем труд и работа, но и од голем број работи да се откажат.

Дата: 1/21/2021


 Стаклениот“ уметник, Љупчо Кочовски, веќе 35 години во Кралството Шведска дизајнира и гравира.
Школата за стакло ја заврши во Орфорс, а Високата уметничка школа во Стокхолм, Шведска. Работел во повеќе познати стакларници во Шведска.
Како професионалец во својата бранша, Заводот за туризам на Шведска за репрезентација на стакларството во разни земји како Јапонија, Австралија, Германија, Швајцарија и Норвешка, го одбра токму Љупчо Кочовски.


Во најголемите и најпознатите стоковни куќи во разни градови, Љупчо Кочовски го покажуваше своето знаење. Сите тие патувања, изложби и демонстрации низ светот му овозможија успешна уметничка кариера.

Неговите кристални продукти се гравираат со голема внимателност, чувство, трпеливост и прецизност, а секој гравиран кристален продукт значи и потпис од „стаклениот“ уметник. Љупчо Кочовски. Неговите производи се барани и ценети во многу земји по светот.

Дата: 1/21/2021


 Интервју со ФАРУК НЕЗИРИ - бизнисмен

Фарук Незири е роден во 1974 година во Бихач во Босна и Херцеговина. Неговата мајка е босанка, а неговиот тат-ко е роден во Чегране. Родителите имале слаткарница, каде што малиот Фарук за првпат ги запознава тајните на слаткарскиот занает.


1. Дали семејниот бизнис беше предизвик за да истиот го продолжите и вие?
Да, така е. Природно е. Благодарение на семејниот бизнис на моите родители уште од најраната возраст, имав можност да помогнам и воедно да го учам слаткарскиот занает. Благо-дарение на мојот татако, кој беше моја силна поддршка, јас научив многу. Едноставно е. Јас сум премногу смирен и задо-волен кога готвам. Тоа е мојот свет каде што уживам и можам да покажам се што знам и умеам. Вложив многу за да успеам и се уште вложувам многу, се со цел да го промовирам овој занает, кој воедно за мене е и своевидна уметност.


2. По завршувањето на вашето основно и средно образова-ние, кое е дел реализирано во Република Босна и Херцего-вина, а дел во Република Северна Македонија, на релативна рана возраст заминувате од земјата. Што се случуваше по тоа, откако го напуштивте местото во кое го поминавте ва-шето детство?

Токму така, по завршувањето на средното образование за-минав во Италијанската Република. Знаете, ако сакате да ус-пеете морате да вложите труд во она што го работите, да го дадете максимумот од себе, за да ве препознаат. Јас уживам во она што го работам. По студирањето во Рим на факултетот за угостителство го запознав Антонио Асторино Франческо, еден од најпознатите шеф-готвачи на Домот на пратеници, од кого научив многу нешта, кои до тогаш немав можност да ги научам практично. Тој беше мојата поддршка и пример како се работи и како се оди нанапред во својата професија. По долго работење и функционирање во Рим се преселив во малиот град Асоло на провинцијата Монтова каде живеев и работев во ресторанот „La Filanda” .

 


За неговата детска игра во слат-карницата на неговите родители, помеѓу слатките задоволства од различни вкусови, ароми и бои и подоцнежната желба за успешен млад фотограф, го профилира ликот на најуспешниот македон-ски стручњак во гастрономијата во светот. Со големо задовол-ство, говореше за неговото дет-ство, тинејџерски денови, па се до заминувањето во Италијан-ската Република и сите успеси кои таму ги доживеал, како и за отворањето на неговиот ресто-ран „La Perla” во Грац, Република Австрија. Повеќе од 25-ет години работи и живее во Италијанската Република и Република Австрија, каде што ги креира своите умет-нички дела и ги преточува во нају-бави јадења.

3. По завршувањето на факултетот и соработката со Франческо, вас ве следат големи успеси. Добивате голем број награди за вашето готвење, но воедно ја издадовте вашата книга за готвењето. Можете ли да говори-те за тој дел од вашата кариера?

Во досегашното мое работење имам добиено голем број награди кои се потврда за мојот труд и работа и кои особено ми се драги, бидејќи ми се потсетник за се она што го имам сработено во минатото. Во 2012 година во Италија ја добив националната наградата за најдобро подготвена морска храна, а во 2013 година ја добив наградата „Италијански талент во светот”. По ова претседателот на Италијанската Република, Џорџо Наполитано, ми го додели италијанско државјанство, како успешен граѓанин на Ита-

лијанската Република. Мојата кариера оди по нагорна линија, па така во Асола ја претставив својата книга „La cucina e l’arte”, „Кујната и уметноста “, која изобилува со информации и промоција на она што јас го работам во светот. Сакам да оставам зад себе нешто што ќе биде корисно за сите, а воедно и ќе ја промовира мојата работа.

Деновите кога не е во својот ресторан сака да ги помине во релаксација, фотографирајќи различни предели на Италија и Австрија. Неговата неко-гашна желба за идна професија, станува негово хоби кое го релаксира и одмара од напорните денови. Покрај ова тој посочува дека слободното време го посветува на неговите најблиски, неговата сопруга, ќерката и синот.


4. По 25-ет години поминати работејќи во Италијанската Република, ре-шивте да заминете во Грац, Република Австрија за да го проширите ва-шиот бизнис, но и за да споделите дел од своето знаење и искуство со другите. Зошто ја направивте оваа промена?

Да, така е. По 25-ет години поминати во Италија, решив да заминам во Грац Република Австрија, бидејќи сакам нови нешта и нови искуства. Сакам да запознаам нови кујни, но и да пренесам дел од своето знаење и вештина. Во 2016 година во Грац го отворив ресторанот „La Perla”, со ова започнав нов почеток на една нова приказна за мене и моето работење.

Со номинација од страна на глобалната заедница на лидерите на италијан-ски ресторани и членови ITCHEFS-CVCI, ресторанот „ La Perla” во Грац, Австрија, е прогласен за еден од 100 најдобри италијански ресторан во светот, согласно оценката и изборот на MELIUS – глобален форум на најдо-брите италијански ресторани низ целиот свет.


5. Како ја доживувате вашата татковина, бидејќи многу години сте надвор од земјата?
Искрено, многу позитивни чувства понесувам со себе и секогаш сакам да дојдам во Скопје и во мо-ето Чегране. Сепак, еден дел од моето детство и ти-нејџерски денови ги поминав тука. Знаете, можете да бидете секаде по светот, но дома си дома. Едно знам, штом дојде природниот крај на мојата кариера, јас ќе се вратам во моето Чегране, бидејќи сакам мојата старост да ја завршам тука. Нормално дека нема така лесно да се откажам од готвењето и додека ме држи здравјето ќе готвам и во Чегране.

 

6. Дали имате во план да отворите ресторан и во Ре-публика Северна Македонија, каде ќе можеме да ги вкусиме убавините од вашето готвење?
Да, сум размислувал на оваа тема многу одамна. Зошто да не, знаете нема бегање од готвењето, тоа е уметност и страст. На пример, вчера заедно со 35 готвачи, готвевме различни јадења за 50 гости кои беа присутни во овој ресторан каде што го правиме ова интервју. Беше преубаво. Готвевме различни храни, но сите бевме среќни и весели и гостите исто така. Знаете зошто? Затоа што сите разговаравме преку јазикот на храната.

7. Што ќе им порачате на нашите иселеници низ све-тот, но и на сите оние кои го читаат ова интервју?

Хм.. Сакам многу нешта да им порачам. Да ја сакаме нашата татковина. На крајот сите имаме контакти и релации со земјата од каде што потекнуваме. Да се почитуваме без разлика на нашата вера, нација или било каква друга определба. Без разлика каде и да живееме, ние мораме да живееме еден со друг, а не еден спроти друг. Само така можеме заеднички да одиме напред.

Дата: 1/29/2021