Кошничка

Имате 2 информации во вашата кошничка за печатење


1 кгр. фиферонки
1/2 кгр. моркови
1 китка магданос
1 главица лук
масло
оцет
Засечете ги дршките и врвчињата на фиферонките, кој се предходно измиени. Запечете ги на огин сосема малку и вадете ги, и ставајте ти веднаш во длабок сад каде сте сипале оцет, провалкајте ги и веднаш вадете ги во друг сад. Морковите сварете ги и исечете ги на тркала. Магданосот и лукот исечкајте ги. По желба редете ти фиферонките во мали или големи тегли. Ставете прво фиферонки потоа моркови, магданос и лук и тоа повторете го додека не се потроши се. Одозгора во секоја тегла ставете по 1 филџан масло, а налејте ја секоја тегла со разблажен оцет во кој ќе ставите сол по вкус. Заврзете ги убаво теглите и оставете ги каде што стои другата зимница.

Дата: 11/24/2010


1493 година Шпанскиот морепловец Кристофер Колумбо го откри островот Доминика.
1944година на предлог на Поверенството за просвета, Президиумот на АСНОМ донесе решение за отворање на гимназии во градовите: Скопје, Битола, Штип, Куманово, Прилеп, Струмица, Тетово, Велес и Охрид. 
1951 година со посебна уредба на владата на НР Македонија е формиран Отсекот за правни науки при Правно-економскиот факултет во Скопје. На 1 јули 1956 година Отсекот за правни науки се одвои како посебна високообразовна институција. 
1962 година СССР успешно ја лансира првата вселенска сонда во насока кон Марс.
1988 година умре Круме Кепески, македонски педагог, лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби, граматичар, автор на првата Македонска граматика, објавена во 1946 година, како и на голем број учебници по македонски јазик, меѓу кои и "Граматика за средни училишта". Роден е во Прилеп, на 8 април 1909 година. 
1992 година кандидатот на Демократската партија Бил Клинтон на изборите за претседател на САД го победи дотогашниот претседател на државата, републиканецот Џорџ Буш. 

Дата: 11/2/2010