Кошничка

Имате 2 информации во вашата кошничка за печатење


 ПОДАТОЦИ ЗА БИЗНИСМЕНОТ
Име и Презиме
Златко Димчевски
Место на живеење
Geneve, Suisse, Europe

ПОДАТОЦИ ЗА КОМПАНИЈАТА
Име на компанијата
BioScan SA
Адреса
Rue Pré – Bouvier 27
1217 Geneve, Suisse
Телефон
+ 41 22 785 17 00
Факс
+ 41 22 782 94 18
Web adress
www.bioscan.ch
E-mail
info@bioscan.ch
Лице за контакт
Златко Димчевски


Дејност:


Производство на рендген апарати


BioScan SA е компамнија за операционен технолошки развој основан во 1990 година во Женева, Швајцарија од страна на македонскиот иселеник Професор Златко Димчевски. Компанијата има патентирано неколку нови типови на скенери за третман на канцер и радиолошки апарати. Моментално фокусот е насочен кон производство на радиолошки апарати, апарати за радиолошка терапија и апарати за индустриски апликации за недеструктивно теститрање. Производите се модуларно дизајнирани и флексибилни така што се овозможува лесна адаптација на повеќето медицински акцелератори и рендгенски генератори кои може да бидат инсталирани и од други производители.

BioScan SA раполага со иновативна технологија и стручно обучен професионален тим на инжинери кои развиваат ефикасни методологии за производство кои се резултат на моменталните согледувања на пазарот и постојаниот контакт и соработка со реномирани болници, здравствени организации и институти.

BioScan SA е насочен пред се кон побарувањата на потрошувачите за која цел врши производство и изработка на производи по порачка и мерка. Компанијата располага со сертификати за квалитет во производството ISO 9001 и ISO 13485. Компанијата производите ги дистрибуира низ целиот свет.

Дата: 1/21/2021


Земете:
1/4 кг пиперки,
1 помала чаша масло,
2-3 главички кромид,
2-3 домати>
1 чаша ориз,
1 чаша млеко,
1 јајце,
2 лажици брашно,
магданос,
црн пипер,
сол по вкус.
Одбирате убави месести бабури, ги чистите и малку ги посолувате одвнатре. Посебно го сечкате ситно кромидот и го пржите додека не омекне, потоа го додавате оризот измиен. Сето тоа се пржи неколку минути, се додава сол, црн пипер и половина од доматите ситно исечкани, се додава и малку вода за да набабри оризот и магданосот. Со приготвената смеса се полнат пиперките, се редат во подмачкана тава а одозгора се прелеваат со остаток на доматите исецкани на тркалца, се налеваат со жешка вода до половината пиперките и се печат околу половина час. Готовото јадење се прелева со сос направен од две лажици брашно, испржени на малку масло, едно изматено јајце и една шола кисело млеко. Се служат топли.

 

Дата: 1/26/2021