Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


1721 година по војните против Отоманското царство и Шведска со кои се зацврсти Русија на Црното Море и Балтикот, Петар Велики е прогласен за цар на цела Русија.
1755 година родена е француската кралица Марија Антоанета, која беше крајно несакана по избувнувањето на Француската револуција во 1789 година. Припишана и е ироничната порака упатена кон гладниот народ: „ Ако немате леб, јадете колач “. Под обвинение дека ја предала Фрација со тоа што била во врска со виенскиот двор, во 1793 година беше погубена на гилотина.
1950 година умре Џорџ Бернард Шо, британски писател, романсиер, музички и драмски критичар и автор на драми кои му носат репутација на најдуховниот драматург во 20. век. Во 1925 година ја доби Нобеловата награда за литература.
1976 година
за претседател на САД е избран Џими Картер, кандидатот на Демократската партија.
2003 година
свештеникот на американската епископална црква Кенон Џин Робинсон е поставен на должноста бискуп иако јавно се изјасни дека е хомосексуалец.

Дата: 11/1/2010