Кошничка

Имате 2 информации во вашата кошничка за печатење


 Согласно одлуката на ЕУ за либерализација на визниот режим со Република Северна Македонија донесена на 19 декември 2009 година, на државјаните на Република Северна Македонија им се овозможува безвизен влез и претстој до 90 дена, во период до шест месеци, во земјите потписнички на Шенгенскиот договор.

Дата: 1/26/2021


 Во врска со вашето прашање од Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија го добивме следниот одговор, цитирам:

Ве упатуваме на членот 9 од Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија ( Сл. весник на Република Северна Македонија број 67/1992, 20/2003, 46/2004, 73/2004, 19/2007, 84/2008, 51/2011, 55/2016), според кој ‘’Патниот лист е лична исправа која му се издава на државјанин на Република Северна Македонија кој останал во странство без патна исправа, само за враќање во земјата, како и на членот 17 од истиот закон според кој ‘’ Патниот лист го издава дипломатско –конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во странство на државјанин на Република Северна Македонија, кој во странство останал без патна исправа’’.

За подетални информации околу издавањето на патниот лист, лицето е потребно да се обрати до надлежното конзуларно претставништво на Република Северна Македонија во странство.

Дата: 1/26/2021