Кошничка

Имате 3 информации во вашата кошничка за печатење


 Да. На државјанин на Република Северна Македонија може да не му биде одобрен влез во Шенген-зоната доколку не ги исполнува потребните услови. Во таков случај, засегнатиот има право на образложена одлука во писмена форма, издадена од овластен орган, како и право на жалба на одлуката што не го одложува нејзиното извршување.

Дата: 1/26/2021


  1.  Биографија
  2. Извод од МКР на РСМ
  3. Извод од МКВ на РСМ
  4. Доказ за обезбеден стан
  5. Доказ за постојан извор и висина на средства за егзистенција
  6. Уверение дека не се води кривична постапка во РМ
  7. Уверение дека не се води кривична постапка во државата чиј државјанин е
  8. Уверение од казнена евиденција од држават чиј државјанин е
  9. Доказ за потекло (ИМКР за родителите)
  10. Прашалник за познавање на македонскиот јазик
  11. Контакт адреса во РМ
Дата: 1/26/2021


 Не. Согласно со одлуката на ЕУ за либерализација на визниот режим со Република Северна Македонија донесена на 19 декември 2009 г., на македонските државјани им се овозможува безвизен влез и краткорочен престој до 90 дена, во период до 180 дена, во сите земји членки на Европската Унија, освен Велика Британија и Република Ирска. Одлуката ја применуваат и државите потписнички на Шенгенскиот договор: Исланд, Норвешка и Швајцарија.

Напоменуваме дека за влез во Велика Британија и Република Ирска е потребно да се обезбеди соодветна виза пред патувањето.

Ако често патувате во Шенген-зоната, ваша е одговорноста да го пресметате преостанатиот број на денови од шестмесечниот период. Оттаму, може да остварите повеќе кратки патувања, под услов дека времетраењето на сите тие патувања да не е подолго од вкупно 90 дена во период од 180 дена.

За престој подолг од 90 дена, потребно е државјаните на Република Северна Македонија да аплицираат за долгорочна виза или за дозвола за престој.

Дата: 1/26/2021