Кошничка

Имате 2 информации во вашата кошничка за печатење


 Краткорочен престој е престој на странец со виза или без виза, во траење не подолго од 90 дена во кој било период од 180 дена, а кој период му претходи на секој ден на престојот, доколку со закон или со ратификуван меѓународен договор поинаку не е определено.

Дата: 1/26/2021


 Не постојат дополнителни финансиски или административни услови кои треба да ги исполнуваат лицата кои поседуваат биометриски пасош за да патуваат слободно во земјите од Шенген-зоната. Меѓутоа, вообичаените услови за влез на сите државјани на други земји кои патуваат во Шенген-зоната се применуваат. На граничните премини, на патниците може да им бидат побарани докази дека располагаат со средства за тоа патување, како и со средства со кои ќе се издржуваат во текот на престојот во Шенген-зоната. На патниците, исто така, може да им биде побарано да покажат каде ќе престојуваат (на пример, хотелска резервација или адресата на која ќе престојуваат). Покрај тоа, патниците не треба да се сметаат за закана за јавниот ред, јавното здравје или внатрешната безбедност, и не треба да се лица за кои се доставени предупредувања за одбивање на нивниот влез во земјата (на пример заради претходно пречекорен период на престој или други причини).

Дата: 1/26/2021