Кошничка

Имате 2 информации во вашата кошничка за печатење


 Игор Јанев е роден 1964 година во Белград , Србија. Докторирал на Правниот факултет во Скопје во 1994 година, а пост-докторски студии завршил во САД (Вашингтон, Шарлотсвил и Медфорд – Харвард) во дисциплините на Мегународната политика и Мегународното право. Член е на неколку престижни мегународни здружениа за Мегународното право и мегународните односи, мегу кои се ASIL и ACUNS. Д-р Игор Јанев е и член на Њујоршката Академија на науките (NYAS). Од 2000. година Игор Јанев е вработен во Институтот за политички науки во Белград, а во 2010 година ја добива и највисокота научна титула Научен советник (во ранг на редовен професор на Универзитетот во Белград).

Во македонските историски движења познато е дека д-р Игор Јанев беше Специјален советник на Министерот за надворешни работи во 2002 година. Во научните анализи од 1998-та година за легалитетот при приемот на Македонија во ООН открил кршење на Повелбата на Обеднинетите нации. Овој исклучителен научен придонес е објавен во списанието со највисок научен рејтинг во правните науки American Journal of International Law. Ставовите на Игор Јанев ги презентираше и македонскиот претседател Георге Иванов на 67-то Генерално собрание на ОН во 2012-та година, кога го искажа ставот дека при приемот на Македонија во ООН Република Македонија беше условена со два дополнителни услови надвор од пропишаните според Поевелбата на ОН. Имено таквите услови, посебни за македонскиот прием, се противни на Поевелбата на ОН (на член 4 од овој основен документ),според Советодавното мислење на Мегународниот суд на правда (од Хаг) од 1948 година, во кој се искажува ставот дека за специфични услови надвор од општите пропишани во член 4, во време лимитирани, не смее да се гласа во ОН, ниту таквите услови можаат да бидат поставувани на кандидатот за прием. Ова Советодавното мислење на Мегународниот суд на правда од 1948 година беше прифатено и од Генералното собрание на ООН истата 1948, како толкување на член 4 на Повелбата.

По откривањето на кршење на Повелбата на ОН при приемот на Република Македонија (РМ) со нелеганите дополнителни услови, Игор Јанев предложи стратегија за решавање на проблемот со името во ОН, која има два модалитета. Првиот модалитет подразбира дека уставното име се воспоставува со политичкиот приод преку Резолуција на Генералното собрание на ОН (ГСОН), каде поагајки од Советодавното мислење на Мегународниот суд од 1948, и од фактот дека Република Македонија ја поминала постапката во Советот на безбедност на ОН со искажан став дека општите услови за прием се исполнети, треба да побара продолжување на македонското членство во ОН под уставното име Република Македонија. Имено, прифакајки ги ставовите на Мегународниот суд од 1948, со простото мнозинство од присутните и кои гласаат во ГСОН (според модел од 1948.), Јанев покажа дека Македонија може да го продолжи членскиот статус во ОН под уставното име Република Македонија (заменувајки ја референцата односно деноминацијата“theformer Yugoslav Republic of Macedonia “). Вториот модел е правната варијанта во која Јанев предлага еден мегу чекор, а тој е поставување прашање од ГСОН до Мегународниот суд за правда, слично како 1947, за тоа дали се специфични услови за прием на Македонија во ОН дополнителни во однос на пропишаните во Повелбата. По добивање на Советодавното мислење на Мегународниот суд дека условите се дополнителни односно дека референцата “theformer Yugoslav Republic of Macedonia “, и преговорите за името се нелегани, при прифакањето на таквото мислње од Генералното Собрание на ОН би било воведено во ОН и правото на Република Македонија да го користи своето уставно име (односно со резолуцијатата на ГСОН членството би било продолжено со уставното име Република Македонија).

Ставовите на Игор Јанев се прифатени во научната периодика во светските научни списаниа. Покрај American Journal of International Law (AJIL) ставовите на Јанев се објавени и во Review of International Affairs, Political Review и во други мегународни списаниа.

Игор Јанев објавил над 150 научни трудови пред се во мегународни списаниа надвор од Македонија, како и 17 книги и монографији од областите на Мегународната политика, надворешената политика и на Мегународното право и организации. Мегу другото, Игор Јанев е и основач на Релационистичко-дијалектичка теорија во општата Онтологија (Филозофија). Основното филозофско прашање на постоењето е идентификувано како: Одкаде се што постои? Јанев доби соодветно решение на ова филозофско прашање со преформулацијата во форма: Одкаде се што постои , во однос на Ништо? Со негација на овој парадокс, поставувајки прашање Во који услови вакво прашање е нелогично?, Јанев покажа дека еден од двата аспекта е нужно невозоможен односно дека полот означен како Ништо е невозможен. Решението е најдено во нужната релација мегу Ништо и (спротивно на тоа ) Нешто, кои се во системска врска. Како што заклучил Јанев, од ова произлегува дека основната релација е пофундаментална од елементите односно половите на која било релација. Ова филозофска концепција е и основа на новата релационистичка теорија на мегународните односи, која ја застапуава Игор Јанев.

Дата: 1/22/2021


 Професор Невенка Димитрова е истакнат научник и истражувач во „Филипс“ веќе 12 години. Таа се наоѓа на една од најважните позиции во компанијата, односно е таканаречен fellow research во истражниот оддел на компанијата, со седиште во Њујорк. Десет години таа беше лидер на лабораторијата работејќи на повеќе проекти поврзани со усовршување на технологијата за домашна употреба и проекти од областа на биоинформатиката. Веќе година и пол таа живее во Бенгалор, Индија, но наскоро повторно се враќа во Њујорк. Биоинформатиката е област на која е посветена во последниве шест години, учествувајќи во пронаоѓањето и изработувањето на нови методи за предвидување на тешките болести. Според д-р Димитрова тоа е иднината на медицината, односно предвидување на болестите според личниот генетски код.
Освен истражувачката работа во „Филипс“, таа е научник и истражувач во еминентната лабораторија „Cold Spring Harbor“ (местото каде е откриена ДНК) и научник на универзитетот „Колумбија“. Нејзината професија бара многу енергија и вложување, но Димитрова вели дека секогаш има време за семејството и за другите нешта кои ја интересираат – како свирење класична гитара, практикување паневритмија (медитативен танц) и секако за уживање во телевизиските програми.
Во периодот додека студирала на Природно-математичкиот факултет добивала многу малку информации за се она што се случувало во светот, во науката. Сите трудови ги обезбедувала од „British Library“, но било многу скапо. Сфатила дека на тој начин нема да може да напредува и почнала да размислува за преселба. Знаела дека во Америка во тој период се случувал целиот развој на компјутерските науки и дека е најдобро да се биде до изворот. Од 1989 до 1995 година била на „Arizona State University“, каде ги заврши докторските студии, а од април 1995 стана дел од истражувачкиот оддел на „Филипс“. До 2006 година била во истражувачката лабораторија во Њујорк, а од лани е во истражувачката лабораторија на „Филипс“ во Бенгалор, Индија. Во Бенгалор отишла на две години и има уште неколку месеца за да се врати повторно во Њујорк. Индија била нов предизвик, бидејќи тоа претставува нова светска силиконска долина.
Пред две години почнала со значајни проекти во однос на биоинформатиката. „Филипс“ е голема компанија каде се произведуваат многу производи – од апарати за домаќинството до софистицирана медицинска опрема. Во иднина, медицината ќе се развива на молекуларно ниво, поле во кое ќе се случуваат најголемите истражувања и каде ќе се развиваат направи што ќе им помагаат на лекарите во дијагнозата и терапијата на болестите. На пример, кога се работи за рак на дојка, има слика на канцер на две жени и сликите изгледаат исто. Така не се знае дека едната од жените може да почине, а другата да ја преброди болеста. Прашањето е: дали може на молекуларно ниво да се одреди кој е генетскиот профил кој одредува како пациентката ќе одговори на терапијата. Современата дијагностичка метода го гледа ткивото, додека биоинформатиката го гледа изобилството потклеточен материјал, односно на нивото на ДНК и РНК. Денес е позната тнр. TNM (тумор, ноде, метастазис) класификација, но и таа не е доволна за предвидување на појавата на канцерот, смета Димитрова. Процесот на изработување на нови методи се вика генетски профил. На пример, на едно мало парче стакло, 2х2 сантиметри, постојат 385.000 и секоја од нив има фиксирано ДНК на која се става ДНК-примерок од пациентот за да се види кои од тие гени се активни, а кои не се активни. Денес, во светот има 12 милиони нови случаи на рак годишно, од кои речиси 40 отсто немаат шанса да преживеат, вели д-р Димитрова. Тоа е доволен податок дека денешните методи на откривање на канцерот не се доволни, а на почетокот на 21 век проблемот се уште не е решен. Сега медицината е постепизодна, бидејќи се реагира и се откриваат болестите дури откако ќе се појават симптомите. Нивна цел е медицината да ги предвиди заболувањата.
Д-р Димитрова е навистина сестрана личност, за патенти во областа на процесирање сигнали во електронски уреди (има 43 патенти и повеќе од сто научни трудови) „Филипс“ ја награди со сребрен медал за иновации. На интернационално ниво претседавала на разни научни конференции и има одлична комуникација со многу светски професионални организации, како IEEE и АСМ, каде што има неколку функции. Покрај ангажманот во компанијата има и многу студенти на магистерско и докторско ниво, а од 2002 до 2005 година била визитинг професор и истражувач на универзитетот „Колумбија“, а паралелно и визитинг научник во „Колдспринг Харбоур Лаборатори“ на Лонг Ајленд во Њујорк.
Среќно е омажена за свој колега, со кого има две ќерки Амити (10) и Ливија (3). На крајот, запрашана кој е нејзиниот професионален сон, ни одговори дека работејќи и растејќи професионално во интернационална средина, со колеги од целиот свет, дошла до сознание дека во многу земји постојат разни асоцијации (друштва или академии), каде дијаспората (особено од науката) има начин да придонесе за својата матична земја и да биде од корист. Таа смета дека ние како мала земја би можеле многу да добиеме со таква една асоцијација (или оддел од нашата академија на науките и уметностите). Познава најмалку 30 доктори на науки од македонско потекло по светот, а сите тие умови придонесуваат за науката генерално или во земјата каде што работат. Нејзината замисла е да се создаде организиран начин тие луѓе да станат достапни на татковината и таа работи за остварување на таа цел.

Дата: 1/22/2021