Кошничка

Имате 2 информации во вашата кошничка за печатење


Почитувани,

Од понеделник 1 март 2021 година започна самопопишувањето на дијаспората, а ќе трае се до 21 април 2021 година. Со цел, реализaција на една од најважните статистички операции во земјава, преку која се добиваат точни информации за состојбата на населението во Република Северна Македонија и во дијаспората, кои претставуваат основа за градење на ефикасни и ефективни јавни политики, Агенцијата за иселеништво ги повикува нашите иселеници во дијаспората, преку следниот линк https://popis2021.stat.gov.mk масовно да го реализираат правото на попис. За сите потребни информации околу начинот на пополнување на апликацијата, во периодот од 1.03.2021 година до 21.04.2021 година, можете да не контактирате на следниот маил info@minisel.gov.mk.


Во продолжение линк од практичното објаснување на апликацијата за попис.


https://www.facebook.com/popis2021/videos/3761937347255904

Со почит, 

Дата: 3/5/2021


 Македонците во Австралија и низ цел свет се гордеат со Ник Малчески

Македонската дијаспора и целата македонска заедница од Австралија со гордост и восхит ја гледаа неверојатната изведба на Ник Малчески додека ги постигна првиот и последниот гол на натпреварот, со што екипата Сиднеј Свонс си ја обезбеди победата на финалето на австралиската рагби лига.

 

Овој историски и возбудлив натпревар беше следен од речиси 100.000 гледачи на трибините на светски познатиот стадион �Мелбурн Крикет Граунд�. Истиот беше пренесуван и на телевизија низ цела Австралија. Премиерот Џулија Гилард, којашто дојде во Малбурн од Обединетите нации во Њујорк, исто така беше дел од спектаклот.
Ник Малчески е горд Македонец којшто живее во Австралија. Роден е на 15 август 1984 година и првпат настапи во финале на австралиската лига во 2006 година.
-Ник е позитивен пример за младината во Австралија којашто игра рагби или кој било друг спорт. Тој покажа дека успехот е можен доколку се има труд, посветеност и стремеж кон постигнување најдобри резултати, вели Ордан Андреевски за Ник.

Тој додава дека Ник е и амбасадор на македонската младина, култура и идентитет во Австралија.
-Ник покажа дека може да се постигнат голови и да се почитува целата австралиска мултикултурна заедница додека си го почитува своето македонски наследство и идентитет, вели Ордан.
Обединетата Македонска Дијаспора му честита на Ник Малчески за неговите неверојатни достигнувања на натпреварот и нему и на тимот им посакуваат се најдобро во иднина.
-Се надеваме дека Ник и неговиот тим ќе дојдат наскоро во Македонија за да споделат тајните за нивниот успех и со македонската младина, велат тие.

Дата: 1/21/2021