Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


1851 година умре црногорскиот писател Петар II Петровиќ Његош, владетел на Црна Гора и владика во Српската православна црква. Најпознато негово дело е „Горски венец“.
1918 година во селото Болно, Ресенско, е роден Димитар Богоевски - Мите, народен херој на Македонија, револуционер и поет.
1924 година во Милано, Италија е одржан Првиот меѓународен конгрес на штедилниците. Тој ден е прогласен за Светски ден на штедењето.
1984 година индискиот премиер Индира Ганди пред резиденцијата во Њу Делхи беше убиена од Сики-екстремисти, припадници на личната гарда.
1999 година во Република Македонија се одржаа третите претседателски избори. По прегласувањето во вториот круг, на 5 декември 1999 година, за претседател на Република Македонија е избран Борис Трајковски, втор претседател, по Киро Глигоров, по осамостојувањето на Република Македонија.

Дата: 10/30/2010